Ќе го бојкотира ли Алијанса за Албанците Зоран Заев бидејќи е обвинет за поткуп и аболициран криминалец?

Алијанса за Албанците отфрлаат соработка со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за учество во составувањето на новата Влада. Според изјавите на лица од Алијансата соработка нема да има наводно поради тоа што Груевски е осомничено лице, за потсетување во монтирани постапки, во предмети кои ги води СЈО.

После ваквите изјави се отвора прашањето дали тоа значи дека Алијанса за Албанците се и против коалиција со Зоран Заев. Секако, ако се земе во предвид дека станува збор за амнестирано лице кое сторило криминал тежок 8,5 милиони евра и кое е обвинето за поткуп од 200.000 евра.

За потсетување лидерот на СДСМ Зоран Заев останува единствениот аболициран политичар во Македонија. Со одлуката на тогашниот претседател Бранко Црвенковски на Заев и неговите соработници им се прости криминал тежок над 8 милиони евра, дело за кое Кривичниот законик предвидува казна од три го пет години затвор. Иако имаше можност и вети дека тоа ќе го направи, Заев никогаш не побара укинување на аболицијата.

Лидерот на СДСМ е обвинет и за барање мито во висина од 200.000 евра. Од струмички бизнисмен тој ја бара наведената сума со прецизни насоки за тоа каде и како треба да се исплатат парите. Судскиот процес во тек.

Останува отворено прашањето дали Алијанса за Албанците ќе го имаат во предвид ваквото богато криминално минато на Зоран Заев кога ќе ги разгледуваат нивните опции за коалицирање.