Грст бедни лаги во новата колумна на сдсмовскиот мегафон Катерина Блажевска

Katerina-Blazevska

Опозициониот колумнист Катерина Блажевска, позната по илјадниците километарски текстови полни со лаги и манипулации насочени против ВМРО-ДПМНЕ се приклучи кон редот на соросовите мегафони кои ја коментираат платформата на албанските партии, во чие креирање имаа директно учество.

Блажевска „го искина перото“ фалејќи ги политиките на Заев и СДСМ и напаѓајќи ги ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, а сега откако токму поради политиките на Заев се отвори простор за да се создаде платформата на албанските партии, Блажевска се обидува да се испере и ги напаѓа најбенигните сегменти на платформата под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама.

Но, Блажевска не кажува ни збор за суштинските елементи на оваа платформа. Па така, неа на пример не и пречи барањето на отворање дебата за промена на знамето, државниот грб и химната, за отворање на уставот. Напротив, таа на барањето за отворање на уставот за во него да се вбризгуваат големоалбански инекции, гледа со симпатии и дури им сугерира проширување на платформата, предлагајќи додавање делови на кои не се сетиле ниту Рама, ниту ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците. Блажевска се прави поголем Албанец од Албанците, по примерот на нејзиниот политички ментор Зоран Заев.

katerina-blazevska-kolumna

Во текстот насловен како „Јануарска масажа за мајскиот договор“ Блажевска се служи со груби манипулации, некрофилија и останатиот арсенал кој е добро познат како дел од црната кампања на опозицијата, шизофрено обидувајќи се паралелно и да промовира идеи на СДСМ и привидно да ги напаѓа Албанците на чии барања им кумуваше и да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите прашуваат како може да се дадат толку пари за споменици, фасади и панорамски тркала, а да не остане ни денар за инвестирање во основните потреби за граѓаните – за здравство, патишта, водоводи, училишта…“ – пишува Блажевска, намерно изоставувајќи ги фактите и бројките кои се и повеќе од јасни: има циклус на големи милионски инвестиции во здравството во кои се градат нови и реновираат постојни клинички центри и болници, а се вложуваат десетици милиони евра во нова опрема. Паралелно се градат 4 автопати што е историски успех. За прв пат во историјата на независна Македонија се градат и школи, исто како и што се реновираат постојните, кои биле недопрени со децении. Сето и е познато и на Блажевска, но изборот да биде слепа е тенденциозен и добро платен.

Но, Блажевска ниту во овој текст, ниту во било кој од минатото не се запрашала дали со парите кои се украдени од граѓаните на Струмица во криминалната тендерска мрежа можело да се обезбеди навремено чистење на замрзнатите улици во Струмица на кои само во минатиот викенд 15-тина граѓани се здобиле со скршеници, а неколку од нив биле и оперирани. Блажевска се грижи за болните, само ако не се болни во Струмица односно настрадани поради негрижата на локалната на Заев. Типично за секој мегафон на СДСМ/Сорос. Селективната грижа за граѓаните е доказ за апсолуната негрижа, туку за начинот на кој таа ги гледа нив: само како топовско месо за да може да си ја одработи платата од Сорос/СДСМ.

Класичната некрофилија со која се користи Блажевска е највидлива кога вели: „Кога ќе почине дете заради бирократски процедури или недостиг од пари за лекување во странство, има ли разлика во начинот на кој плаче македонската или албанската мајка? Нема. Солзите зборуваат на ист јазик“. Блажевска исто како и СДСМ се користи со некрофилски тактики обидувајќи се на трагични здравствени случаи да им даде политичка конотација. Болните умираат од неизлечиви болести или компликации, а не од бирократски процедури – барем така е за сите, освен за некрофилски расположените мегафони на СДСМ кои кога ќе намирисаат крв немаат почит ни кон мртвите и ги злоупотребуваат за да ја исполнат задачата за која се платени.

Блажевска не запира тука, туку продолжува да реди небулози: „Кога ќе откаже блок на РЕК Битола и ќе снема струја, мракот не добива етничка боја. Мракот е ист и во албански, и во македонски, и во ромски, и во бошњачки, и во турски или српски дом.“ Тоа е точно, освен лагата дека снемало струја поради откажување на блок на РЕК Битола како што сакаат да прикажат од СДСМ овие денови. Тука Блажевска повторно не користи логика и информации од терен, туку се служи со емоционални манипулации за да го оправда релативизирањето на тезите од платформата на Албанците во кои и таа, со својата активност во служба на опозицијата, учествувала во голема мера.

Срамниот и подол манипулаторско-некрофилски стил на Блажевска доминира и во наредниот пасус:

„Поточно кажано, на ваков начин му се дава алиби и простор на Груевски да се фали колку многу сторил за Албанците, на пример со тоа што прв стигнал во Шипковица по поплавите во Тетовско. Да, точно. Дојде веднаш. Но, дали е тоа „успех“? Прашајте ги оние кои ги изгубија најблиските во поплавите.“

Тука Блажевска тотално го губи компасот и веројатно не би можела да одговори на едно просто прашање: Што требаше, да не стигне ли веднаш Груевски во Шипковица? Трагично загинатите во оваа природна непогода повторно немаат мир, бидејќи Блажевска како и СДСМ безмислосно ги користи за да го истури својот грст гнев врз ВМРО-ДПМНЕ и да ги обвини дека се виновни за секоја трагична смрт во Македонија, а можеби и пошироко. Па така, Блажевска во некоја наредна колумна може да го обвини Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за жртвите во поплавите во Германија и Полска, како и за жртвите на земјотресите во Италија.

Таа продолжува: „Успех ќе беше ако немаше никаква потреба да дојде за таков повод“. Веројатно најголем успех за неа ќе беше ако на власт дојдеше Заев и забранеше земјотреси, поплави, громови и генерално умирачка на луѓето во Македонија, коментираат граѓаните по социјалните мрежи. За нив ваквите обиди на Блажевска се мизерни и срамни за новинарската фела.