Најчевска против сите Македонци: Јас НЕ сум Македонка, јас сум против патриотите и знамето, нациите се изживеана работа

Големиот фан на СДСМ и Шарената револуција целосно одлепи. Во својот пост на Фејсбук, Најчевска целосно го негира македонскиот национален идентитет со зборовите:

“Не сум Македонка, туку Земјанка. Време е ние Земјаните да го дигнеме гласот против сите патриоти и патриотчиња, знамепоклоници и идолообожавачи”.

Најчевска завршува со страшна порака кон македонскиот народ:

“Нациите се изживеана работа”.

Ваквиот став на Мирјана Најчевска директно го руши идентитетот на РМ и сите нејзини граѓани, како и сите Македонци во светот.

Инаку, идеите на Најчевска се редовно одбиени и отфрлени од граѓаните на избори, затоа што кога се кандидираше за градоначалник на Скопје доби едвај 3 проценти гласови.

Инаку, Најчевска е научнa советничка во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ -Скопје. Професорка на постдипломските студии во Институтот – Човекови права и правна држава.

Членка е на многубројни експертски тела за Човекови права, меѓу кои и Работната група за лицата со африканско потекло. Висок комесар за човекови правa, ООН (2008-денес), Координативниот комитет на специјалните процедури при ООН (2010-); Членка на Европската мрежа на правни експерти во полето не-дискриминација (2010); Членка на Балканската мрежа на правници против дискриминација (2009-денес).

Жената за која македонскиот народ е глупав, и која искажуваше навреди кон македонските бранители во Куманово, своите услуги ги наплатувала преку соросовата ФОРУМ ЦСИД од каде инкасирала 55 илјади денари, а пари минатата година земала и од Македонското здружение на млади правници.