Кој ќе му суди на Заев, а кој на Катица?

katica-zaev-kola

Ова е формално прашање, бидејќи како што одат работите навистина народот треба да му суди и пресуди на најголемиот предавник во поновата Македонска историја и на неговиот и странски марионет кој лажно и против уставно се претставува како специјален јавен обвинител.

Всушност, ова беше контра прашање или анти теза на упорниот обид на Геровски и останатата неталентирана групација на умислени интелектуалци од редовите на СДСМ да изнајдат начин за оправдување на предавничката политика на Заев, но во исто време и предупредување до Катето дека и таа не е недопирлива и за своите злодела кон Македонскиот народ ќе мора да одговара.

Но, ајде да тргнеме по ред разложувајќи го прашањето од насловот. Најпрво да видиме зошто и кој ќе му суди на Заев кога веќе неговата специјална љубов Катето го „ослободи“ од одговорност за предавство и уривање на сопствената држава.

Оние таканаречени аналитичари кои се обидуваат да изнајдат оправдување за предавствата и веле издајството на Заев кон Република Македонија и нејзините граѓани, се обидуваат дури и регионално да анализираат од политичко-безбедносен аспек и да ги наведат наводните неспорни факти зошто Заев требало да формира влада. Колку и да се обидуваат да анализираат дека регионалните случувања, особено загрозувањата на безбедноста во регионот на релацијата Косово-Србија ќе се рефлектираат врз Македонија и од тоа да се прикажат себеси како умни и политичко-безбедносно релевантни аналитичари, тоа покажува сосема друга перцепција за ниваната „умност“.

Се извинувам на читателите што преку оваа колумна директно ќе се обратам до сите таканаречени интекектуалци и лобисти на СДСМ, но заради појаснување на работите ќе мора тоа да го сторам и само во една реченица: „Геровски, Малевски (професоре), Фрчковски и сите вие останати, престанете да сеете магла со вашите божемно сериозни анализи полни со тенденции и заплашување на Макеоднските граѓани, а во интерес на други анти Македонски цели. Јавно по втор пат Ве поканувам на дуел на која сакате национална телевизија на која ќе ги соочиме фактите во врска со внатрешните политички случувања, меѓународната позиција на Македонија или политичко-безбедносниот дискурс“

Сега може да образложам како се сее магла и се оправдуваат анти државните чекори на Заев и СДСМ, односно како се обидуваат да ги оправдаат чекорите на господинот Минхаузен-Заев.

Да расчистиме една работа веднаш. Ниту Претседателот на државата Иванов, нитулидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски не си поиграа со националните интереси на Република Македонија и не ги „кренаа“ очекувањата на Ахмети. Изродите од СДСМ може да се трудат колку што сакаат да наметнат превртена слика на вистинските случувања во Македонија, но тоа нема да им помогне во оправдувањето. Вистината е сосема видлива и да ја подредиме заради потсетување и пред се заради Макеоднските граѓани.

Ахмети не ги подигна очекувањата на Албанците во Република Македонија ниту ги разбуди апетитите на Албанија и Косово давајќи им реални услови за отцепување на дел од територијата на Република Македонија преку редефинирање на Македонската држава и уставни измени. Тоа го понуди и стори Заев, и повторно Заев заедно со СДСМ и странска поддршка. Заев ги крена очекувањата и им ја даде идејата на Албанските политички партии во Македонија дека може да се оствари нешто што ниту можеле да го сонуваат и пак благодарејќи на политички манипулант „лидер“ на опозицијата „македонец“ и тоа е јасно и вистинито. Да не биде утре да каже Заев дека тоа не го кажал, а оние квази аналитичари не го поддржаа тоа и таквата негова политика.

Стариот проверен трик за заплашување на Македонските граѓани дека доколку не е СДСМ на власт ќе има војна пак е во игра. Мислам дека Заев не е баш блиску до лесно формирање на влада и дека ќе мора да даде многу за да добие 61 потпис за влада, а потоа да испорача уште повеќе и поради оваа состојба му треба оправдување зошто направил политички договор за формирање влада кој е на штета на Република Македонија. Затоа и се прибегнува кон стариот проверен трик за сеење страв од војна, а што е подобро на Балканот и во Македонија од тоа да ги плашиш граѓаните со меѓуетничка војна. За таа работа секогаш се тука Косово и Србија, но воедно се и добри страшила за Македонските граѓани по принципот „видете што ќе ви се случи доколку Заев не формира влада, а вие не ја поддржите“. Зарем Заев е новиот миротворец или сега по сите маски и одела кој ги натна на себе треба да му се натне и оделето на миротворец, човекољубец. Оној исти Заев кој јадеше живи луѓе, од канибал се претвори во миротворец, чудна некоја политичка метамтофоза.

Но, да се вратиме на регионалните случувања во контекст на заплашувањето на граѓаните преку конфликтот помеѓу Србија и Косово.  Како Македонија да е клучниот играч во зголемувањето на тензиите помеѓу Србија и Косово. Секако, не е исклучено да бидеме загрозени од Косово и влегување на помали или поголеми терористички и радикални групи, но тоа не е по вина на Македонија. Тврдењето дека доколку Заев не формира влада целата држава е загрозена безбедносно е ноторна лага. Токму спротивно, доколку Заев недај Боже ја предводи владата, Македонија ќе влезе во голема опасност и неизвесност, бидејќи самиот тој ќе мора да ги исполни предизборните ветувања за двојазичност и федерализација на Македонија и новите ветувања кои веројатно веќе ги дава зад грбот на Македонскиот народ и граѓаните, а кои ќе треба да ги исполни како услов за добивање поддршка да направи влада. Можеби токму во овој контекст на Заев и би му одговоарало да во услови на регионален конфликт под маската на миротворството и спасот на Македонија од војна даде се што вети и за тоа никој да не му суди. Тоа е уште еден перфиден трик кон Македонските граѓани и сосптвената држава. Трик преку кој токму Заев сака да се спаси за да не му судат за предавството откако СЈО го спаси од одговорност за шпионажа. Добро покритие за сите глупости кои ги направи. Патем, ако се може и вината да ја префрли на претседателот Иванов и на Груевски, тогаш би постигнал полн погодок за спас на сопствената кожичка. Колку перфиден обид за избегнување на сопствената вина и одговорност на Заев за злосторството врз сопствениот народ и тоа историско злостроство. Ова само покажува дека Заев, заедно со неговите медиумски поддржувачи и перачи на умови се лица кои се паднати длабоко во кал па се обидуваат сопствената политичка одоговрност за опстанокот на еден народ и продавањето на неговите национални и државни интереси да ја префрлат на други. Навистина „веќе видено“ во опусот на политичко дејствување на СДСМ.

Токму затоа, Геровски повикувајќи го на помош ставот на Малевски со сите сили се обидува да не просветли дека тешко нас ќе биде доколку Заев не формира влада и не ја стабилизира не Македонија, ами регионот. За тоа што се ќе мора со камата да платиме ние, нашите деца и внуци не е важно, важно е Заев да се спаси, а оваа групировка на квази аналитичари добро да се нафатира финансиски. Тоа е нивната матрица.

Затоа на Заев ќе му суди народот и нема да бидам изненаден доколку некој и навистина набрзина му пресуди. Да не бидам разбран погрешно не повикувам на ничија ликвидација, но со оглед на тоа колку врие кај македонските граѓани се може да се очекува, особено по обзнанувањето на политичкиот пазар за продажба на националните и државните интереси во замена за формирање на влада на СДСМ и Заев. Токму затоа народот или поединец од народот ќе му пресуди на Заев. Ова треба да биде вистинската мотивација за анализа на состојбите и позицијата на Македонија за Геровски и неговите „авторитети“, а не сеењето на магла во нарачана медиумска приказна за заплашување на граѓаните со цел отворање пат и поддршка на Заев во распродавањето на татковината.

Сепак почитувани мој сограѓани, Македонија е единствената наша држава во која сите заедно можеме да се реализираме и индивидуално и етнички и културолошки и колективно како нација. Не подлегнувајте на заплашувања преку медиумските гласноговорници на СДСМ и странски инсталации. Ова е наша земја, наша татковина, Македонија и несмееме да дозволиме да не исплашат и стравот да го употребат за да направат политичка манипулација, редефинирање, кантонизација и поделба на државата, а се со цел Заев и СДСМ да се спасат од историската одговрност пред идните генерации.

Геровски, еве да ти појаснам. На Заев ќе му суди историјата на Македонија и тоа многу лошо во очите и колективната меморија на идните генерации, а можеби некој на крајот навистина ќе му пресуди согласно уставот и законите на Република Македонија за сите негови криминални и анти државни злодела.

Кој ќе и суди на Катица е второто прашање кое е  многу суштинско иако звучи реторички.

За своите злодела против Република Македонија, ослободувајќи аболициран криминалец, соработник на странски служби, човек кој отворено ги „крева“ очекувањата на непријателите на Република Македонија и сопствената држава и народ ги нуди на маса за распарчување, само за да се добере до гола власт, а во исто време отворено тргнувајќи против Македонскиот народ во својот „обвинителски“ занес, Катето колку и да се прави недоветно и дека го почитува законот ќе мора да одговара пред македонските судови. Нема прочка за оној кој ќе крене рака врз сопствениот народ и држава, па така убеден сум дека ќе се најде некој обинител кој ќе покрене постапка за испитување на законитоста на работењето на Јанева и СЈО. Сите бледи обиди да се монтира случај против раководството на ВМРО-ДПМНЕ паднаа во вода. Не видовме ниту еден случај за раководството на СДСМ иако се тврдеше дека во материјалите на Заев, монтирани, лепени и незаконски стекнати (напоменувам од сеуште неидентификуван нарачател и неводно за непознати цели), имало и прислушување на опозицијата и други граѓани. Тоа што го видовме е сосема јасно монтиран процес против ВМРО-ДПМНЕ како политичка структура не само како лидерство. Токму затоа последниве денови Катица се обидува да осомничи што повеќе членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои донирале во партијата.

Во овој контекст имам едно прашање до Катето и нејзините кокони. Дали сосема случајно не ви текна да испитате од каде и на госпоѓицата независна пратеничка од листата на СДСМ, Ивана Туфегџиќ пари да донира во СДСМ за кампања? Младата независна и шарена протестантка е помлада од ќерка ми, а веќе се претставува како магистер по правни науки. Ептен се завршила во рок и по брза постапка што се однесува до образованието, и тоа веројатно и го овозможил овој режимски и никаков нели систем за образование (успат да напоменам дека во тој другиот систем на образование јас шест години во редовна постапка морав да завршам додипломски и магистерски студии, а потоа имав рок од три години за подготвка на магистерскиот труд). Но, како успеа младата дама да покрај толку протестирања на улица заработи пари за донирање во СДСМ?

Убеден сум дека СЈО и Катето лично нема да одговори на овие мои прашања. Таа и така единствено знае јавно да лаже и повторувам ЈАВНО ЛАЖЕ. Катица Јанева е непрофесионален „обвинител“ кој ЈАВНО ЛАЖЕ, ја лаже Македонската јавност и покрај тоа работи непрофесионално и против интересите на државата. Доколку истата смета дека ова што го кажувам не е точно нека повели на јавна дебата со мене за да ме убеди во спротивното, ама без плачки. Ветувам дека од една таква дебата нема да има правни последици, единствено ќе треба да докаже дека не е толку голема лажга и дека сепак понекогаш ќе каже и нешто вистинито.

Сепак, останува мијата констатација дека и за Заев и за Јанева ќе се најдат „мажи“ во наша Македонија кои ќе им судат и пресудат.

Со високо кренати глави народе мој Македонски да се спротивставиме на неранимајковците, странските платеници, предавници и лажговци кои сакаат да ни ја одземат татковината, а историјата и некој од нас или меѓу нас ќе им пресуди на овие двајца, според уставот и законите на Република Македонија.