За она што го прави Заев се лежи минимум 4 години во затвор

ivanka-dodovska-tv-nova

Неодговорното и крајно противзаконско дејствување на Зоран Заев, деновиве ја достигна својата кулминација, вели за Курир Иванка Додовска, универзитетски професор.

Додовска ја посочува и правната рамка со која сосема јасно и децидно е утврдено дека објавувањето на приватните разговори на граѓаните на Република Македонија е казниво дело од минимум четири години затвор, како и дека основаното сомнение за соработка со странските служби претставува сериозна закана и за приватноста на граѓаните, како и за државниот поредок.

– Она што мене ми остава особен впечаток е дека овој непримерен однос на лидерот на опозицијата го означува почетокот на крајот на една тоталитаристичка и крајно декадентна левица и дека истиот претставува школски пример кој ќе се изучува во учебните помагала во иднина за тоа што се еден опозициски лидер не треба да стори во битката за освојување на електорат и власт, вели Додовска.