Револтирани граѓани до Шилегов: Ќе ја продаваш ли Македонија? (ФОТО)

Ниту партискиот портпарол Петре Шилегов не е поштеден од гневот на револтираните граѓани кои остро се противат на обидот на Зоран Заев и СДСМ да ја загрозат унитарноста на Република Македонија преку целосното прифаќање на албанската платформа и воведување на двојазичност на целата територија на Македонија.

Откако во текот на денот беа испратени пораки до многу пратеници од СДСМ, вечерва таква порака доби и Шилегов, кого револтираните граѓани го прашуваат, „Ќе ја продаваш ли Македонија?“.