Колумна на Мирка Велиновска: Mотивација и мобилизација во ритамот на срцето

Овој вторник ги стаписа, ги шокира и ги исплаши до коски сите што систематски, пропагандно преку политиките и интересите го обележуваа Балканот како простор во кој живеат диви луѓе со малку памет и ич самопочит и интегритет.

Овој изминат вторник тие ја видоа разликата помеѓу нивната креирана перцепција и реалноста. Два универзума. Токму тука во Македонија четврт милион Македонци излезени на протест изведоа инстантен европски попис за тоа кој е цивилизиран, а кој дивјак. Kој е Македонец, а кој вандал, кој е Европеец со влакна во носот, а кој депилиран бројлер без географско потекло. За култура, за манири, за домашно воспитување, етика, одговорност и самоконтрола говориме. Напросто, Македонија ги има во изобилие, а бриселската збирштина ги нема. Можеме да извезуваме или да им предаваме човештина. Ако им ја тргнете лакировката на „западњациве“, со голо око ќе видите напалени неандерталци кои првпат влетале во простор со цивилизиран свет. Е, токму тоа за највпечатливо сигурно беше регистрирано во извештаите на амбасадите, на тајните служби. Знам од искуство. Се виде таа вечер дека црвено-жолтата Македонија им го уништи сиот труд на соросоидно-усаидно-отиевскиот револуционерно-востаничко-терористички комплот.

Џабе пари и тренинзи за одгледување „божем луѓе“, кои самите креатори ги нарекоа „шипл“, односно човеколики овци што ги регрутираа и мобилизираа во шарената куротресина. Kога не би биле шипл, а барем малку пипл, Стево Пендаровски, Љубомир Фрчковски, Бранко Геровски, Тричковски, Најчевска и останатите од редот на „интелектуалната, експертската самопрогласена елита“, ќе си го тргнеа ножот по овој вторник. Ако виенскиот бал им е репер за докажување европска цивилизираност, македонската народна маса што маршираше во вторникот беше дешавка која десеткратно ги надмина сите досегашни европски балски стандарди од 19 век. ,,Нобилити бај нејчр“ да ти се Македонциве. Не истураат тони мочка и лепешки во и врз сопствената држава. Плус во организација на аматери, без пари и во спонтана режија, а од патриотски соображенија. Ја видовте и вие разликата, нели? Се виде и од сателит. Е, па, сега знаете убаво зошто на тренираните, дресираните, платените дивјаци, на варварите, на вандалите, учките, пленумците „студенти“ и нивните „професори“ со обезвреднети титули аргументите им се насилнички и агресивни, а на спонтаните самоорганизирани нормални македонски демонстранти спокојството и достоинството им се алатки за покажување непоколеблива одлучност и решеност.

Да, дечки! Говорам за мотивацијата која мобилизира. Планерите на божемните револуции и шекспировски театри со актери од рангот на пуси-рајот, проекти „голи цицки за европски вредности“, режирани демонстрации на зависници, педофили, перверзњаци кои дивееа по наредба ширум планетава, го измачија човештвото, ама и недвосмислено покажаа дека од диво месо не бидувало човек како што ни од гомно се прави ќерпич. Само вистински човек се активира на возвишен мотив, возвишена цел и идеал. Недоправени имитати немаат такво својство.

И дојдовме до двете најважни и далекосежни пораки што ги испрати македонскиот народ преку маршот во вторникот за заедничка Македонија. Во еден момент Борис Дамовски со тивок глас, без патетика, побара молк од насобраниот народ за во апсолутна тишина еврокомесарот, Забравам-му-името, со друштвото да го слушне ритамот на срцето на народот со кој тој не сакал да се сретне. Во истата секунда илјадниците молкнаа. Во таа громогласна тишина Дамовски со кратки удари по микрофонот го симболизира ритамот на чукањето на срцето, а целиот оној насобран народ веднаш го мултиплицира ефектот со чукање на дланките во истиот срцев ритам. Луѓе мои! Генералите, офицерите мора да ги тренираат, вежбаат, подучуваат војниците на дисциплина, да им втеруваат катаден висок морал, постојано да им ја одржуваат мотивацијата и мобилноста, особено ако доаѓаат од свет каде што сите природни својства на човечките суштества се сериозно нарушени и исчашени. А ваму, среде Скопје, неколку честити самосвесни и искрени родољуби и патриоти одржаа незаборавна лекција за тоа зошто секоја НОБ е победник, како се прави прогноза за победник во некоја важна битка, како се случува секоја победа. Мајката му била во курдисаната бранова должина. Ах, да, и во меѓусебната доверба. Kога си кредибилен и имаш интегритет, штом зрачиш искреност, луѓето ти веруваат и те следат.

Во такви моменти и ние на 21 март ги видовме големите водачи, историските војсководци и дипломатите од светски калибар. Ова последното се однесува на колумнистот Бетмен, урбан дечко со дух од скопскиот асфалт. Сум се изнагледала разноразни масовни дешавки во кои доминираат митинзите по секакви поводи. Најголем проблем на сите такви собирања како било да ги завршат, а кренатиот колективен адреналин да не се оттргне од контрола. Оти, нели, професионалните говорници – политичарите демагози намерно те палат цимајќи ти ги нагоните, сврдлајќи ти ја напатената душичка за на крајот да ти порачаат – а сега ајде марш дома! И што? Си бил на митинг, си се изнавикал уа или си залапал свирче, а поводот поради кој си дошол, по митингот, е веќе заборавен. Просто, те употребиле заебантиве и те испратиле дома како говедо во трло. До следното сретение. За контролата и автоконтролата ми беше зборот. Илиевски ми одржа фантастична лекција на отворен простор. Хан во Собранието со партиски претставници. Надвор ечи народ кој притиска со бројност и намери. А Бетмен со имиџ на Че самоуверено му се обраќа на елитното ЕУ-друштво засилено со пучистите од Пржино. Им вели – „не се плашете, овој пат ќе ве пуштиме да излезете од Собранието. Сега сме тука само да ја исцртаме црвено-жолтата граница на нашата толеранција“. Толку. Прогласи победа во битката, а борците кротко отидоа на почивка. Е, па, сега, дечки, од европското наци-фашистичко, неоколонијалистичко подземје на ЕУ и вашите контрактори од врхушката на криминогениот СДСМ и сите варијанти на дресирани учки и „леви“ соросоиди! Повелете, празнете се од сега, меѓусебно тешејќи се дека кај и да е ќе ви тргне. Сила немате зашто немате срце. Ве водат омраза и гнев. Памет немате докажано. Немате ни корен ни самочувство. Со такви „борци“ се губи секоја битка и војна. Штом со цела евро-атлантска помош, со гнасни трикови и цијашки оружја сите изминати години не успеавте да го натерате на колективно самоубиство македонскиот народ, сега кога сте на патот кон пеколот, ќе гледате чуда кои веќе се случувале, ама вие сте бегале од часови по историја. Но, ако ви е за утеха, гледајте си спасители во типови како што е лобистот Kарл Билт, кој го означи Скопје како можен повод за нова светска војна.

Идиот! Не. Идиот во паника! Kреира наратив „Гаврило Принцип“ за мобилизација на НАТО. А НАТО е само театарска кулиса. Швеѓанецот треба да ~ објави војна и на Русија. Без Америка. Баш ме интересира како ќе изведат ЕУ-мобилизација и од кај ќе црпат мотивација. Од Холивуд? На споулавени корисни идиоти им се потат задниците. Им треба глупо топовско месо. Еве ви шанса со „вашите“ геровци и тричковци, фрлевци и пендаровци да облечете униформи и правец на балкански фронт. Верувајте ~ на онаа труднана што од тајни врски со тајни полиции од 1997 штанца пропагандни копилиња. Моментно е изнајмена во „Дојче веле“, па ни пренесува „професионално“ дека ЕУ ќе казнела македонски поединци со санкции!? Прв на списокот – Ѓорге Иванов. Нему сметките во странство ќе му ги замрзнеле. А и на „угледни“ бизнисмени. Немој, ма! Пак ли? А баш нешто си мислам како со оваа мерка ќе го скршат Џоле. Оти полн е со пари и сметки, а знам каков е и кога му се закануваат. Се мотивира и мобилизира како бик на црвено. Баш да ги видам на дело санкциите во екот на новиот пролетен мигрантски бран што ќе ја заплисне ЕУ. Во сезона на европски избори. На онаа госпожа, мадам Меркел, изгледа ~ е малку понижувањето што го доживеа од Доналд Трамп. Ќе го чека второто и од Ердоган, а ете го кај се крчка и ова од „несериозната“ антифашистичка Македонија. Слушајте си го и оној токмакот од Беса, кој изгледа завршил право во Приштина или Мала Речица, а можеби кај Фрле на визитинг-катедрата во Тирана. Ропакот ќе ја редефинирал Република Македонија од корен, ама без чепкање во Уставот!? Ало, будало! Ќе правиш демек држава од ново, ама Уставот ќе да си останел стариот. А мнозинските Македонци кротко ќе ти аплаудираат. На креативноста, де. Е, затоа странци си ги водат на сиџимка ваквите „фактори“. Слушајте си го и „факторот“ Ахмети, кој ни призна дека тој со ВМРО-ДПМНЕ одамна си бил разведен. Мајскиот, кој им бил службен брак на двајцата победници, не го важел, ама криел дури и од партнерот Груевски. Живеел тајно во вонбрачна педерска врска. Од респект и тренди европска култура.

На сите домицилни дивјачки вариетети кои се надеваат на робусна воена интервенција од „цивилизираната“ ЕУ топло им препорачувам да ја препрочитаат политичката платформа на СДСМ објавена во ,,Дневник“ по вонредниот конгрес во 2000 година. За да се уверат дека Црпко не е прв црпнат во тоа „напредно“ семејство. Во прашање е генетско наследство, кое води кон дијалектичко исчезнување. На пораката на Бранко Црвенковски – Блеферот до конгресмените “што ќе ни е партијата ако ја загубиме државата“ (тоа се чита: ебате државата во која јас сум во опозиција) полемика отвори високиот партиски функционер и „буквалист“ Никола Поповски. Во својата колумна смртно сериозен му реплицира на родителот: ,,Што ќе ни е државата ако ја загубиме партијата“. Ете ви платформа од „Бихаќска“. Иста како тиранската. Демек, пошто дечкиве биле државотворни, држава може да си направат кога сакаат и со кого сакаат. Мајката му била да си имаш партија која може да прави и растура држави. Kако приватна градежна фирма. Ако немаат работници, ќе си изнајмат од некаде. Ако не им се допаѓа постојната држава, ќе ја прогласат за дивоградба, ќе ја киднапираат, ќе си ја приватизираат или идејно-политички ќе си ја национализираат прогласувајќи го народот за кулачки џган.

Од кога ви велам дека СДСМ-елитата и неговите зомби следбеници не се политичка партија, туку дијагноза. Ваква тешка форма на болештина се лечи со ударни дози лекови. Па, сега вие од ДПМНЕ видете што ќе правите! Македонија самоодржлива и вечна!

Пишува: Мирка Велиновска за Дневник