Никовски: СДСМ нема да се осмели да избере спикер и Влада на нелегален начин

Сегашната ситуација во Собранието е нешто што е во цел свет можно, се случува, ако сакате и реално. Дебати, неограничени дебати и така се води една парламентарна борба, за секој да си го наметне она што смета дека е поправично, покорисно итн. Го имало во Италија, го имало во бројни земји, изјави во гостувањето во вестите на ТВ Нова, поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Во светот, во западните земји, нема бојкот на Собранието, вели Никовски, што кај нас беше на пример после последните избори во 2014 една реалност и која де факто ја креираше целата оваа криза.

„Од друга страна, ако опозицијата, односно сегашното мнозинство кое на некој начин помина во собранието, се обиде да избира претседател, да избира влада на еден нелегален начин, надвор од Уставот и од деловникот на собранието, тоа ќе биде катастрофално и мислам дека нема да се осмелат на такво нешто, и мислам дека никој од нивните западни поддржувачи кои стојат зад нив нема да дозволат такво нешто-изјави Никовски за Тв Нова.