Илиевски: Нема да помине обидот да се протне Тиранската платформа на шверцерски начин

Bogdan-Ilievski

Нема да помине обидот на шверцерски начин да се протне Тиранската платформа во политичкиот систем, порача Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“.

„И денеска имаше обид Тиранската коалиција да го прекрши деловникот на Собранието, меѓутоа се поколебаа и не би рекол дека покажаа разум, бидејќи ако покажуваат разум треба да речат – нема да формираме Влада согласно документ што не е гласан од граѓаните на избори. Ниту еден граѓанин на Република Македонија не гласал за Тиранската платформа. Согласно тоа, не е фер и нема да пројде обидот на шверцерски начин да се протне истата во нашиот политички систем. Срамота е нешто што е креирано во друга држава да ни се наметнува како политика. Срамно е и без да навлегуваме во суштината на документот, но доколку навлеземе има уште повеќе причини да бидеме загрижени“, рече Илиевски.

Во денешното „Отворено студио“ на ТВ НОВА, на тема „Ќе успее ли народот да ја спречи Тиранската платформа“ гостуваа организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски и Богдан Илиевски.