Другарот на Заев, Драги Рашковски: На народот му треба добар ќотек (ВИДЕО)

Zaev-Dragi-Raskovski

На македонските граѓани им треба добар ќотек, смета Драги Рашковски од СДСМ и другар на лидерот на таа партија Зоран Заев.

Според Рашковски, македонските граѓани кои веќе 44 дена протестираат низ цела Македонија за одбрана на унитарноста и сувереноста на државата, треба да се ишамараат.

-Јас ќе ви кажам што му треба. На нашиот народ му треба добар ќотек и добро гушкање за да сфати каде му е местото. За да не биде тоа лошо сфатено добар ќотек, мислам дека некој треба да го опамети, да го ишамара за да се свести каде е, изјави Рашковски во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Инаку, Рашковски важи за близок другар на Заев, а тоа може да се забележи и по фотографиите на неговиот профил на социјалните мрежи.

dragi-raskovski