„Американ тинкер“: Македонија е на оската на хаосот на Сорос и Обама

Amerikan-Thinker

Американ Тинкер објави детална анализа за ситуацијата во Македонија и за финансирањето на невладините организации од страна на Џорџ Сорос и УСАИД. Во анализата се прави паралела меѓу протестите во Македонија и т.н. Шарена револуција со протестите за правата на афроамериканците во Соединетите Американски Држави.

-Роналд Реган мора да се превртува во гробот кога гледа како Соединетите Американски Држави финансираат многу сили во Европа за кои тој правеше напори да ги победи. Во Македонија, која е светилник на конзервативизмот во голема либерална Европа, пари од американските даночно обврзници го помагаат мноштвото на хаосот создаден од левичарските организации на Џорџ Сорос за да се спротивстават и да ја поразат про-американската, централно-десничарска влада на ВМРО-ДПМНЕ. За овој тек на настаните треба да му се заблагодари на Барак Обама и неговата амбасадорско суштество, Џес Бејли. Ние треба да обрнеме внимание на активностите на Сорос во Македонија, за тие да послужат како корисна студија на методите кои тој ги користи да сее раздор во светот, вклучително и во САД, пишува Американ Тинкер во деталната анализа која интегрално ви ја пренесуваме во продолжение.

Преку програмата на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) наречена Проект за граѓанско општество, владата на САД во периодот меѓу 2012 и 2016 година пренасочи речиси 5 милиони долари кон групи поддржани од Сорос во Македонија. Само пред американските претседателски избори во 2016 година, програмата во Република Македонија беше продолжен до 2021 година, а нејзиното финансирање се зголеми на 9,5 милиони долари.

Малку поновата историја на Македонија ја открива промената која се има појавено во минијатурната држава во текот на годините на Обама. Македонија беше дел од поранешна Југославија. По Реган и распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, нејзиниот сојузник Југославија беше целосно разрешена. Во таа ситуација Македонија успеа мирно да прогласи независно.

Околу една четвртина од населението во Република Македонија го сочинуваат албански муслимани. Две третини од луѓето се Македонци, претежно со христијанско-словенско потекло, а околу 10 отсто се од помалите заедници. Иако не беше зафатена од балканскиот конфликт во 1990-тите, Македонија беше под влијание на војната во Косово во 1999 година, откако повеќе од 350.000 Албанци муслимани побараа засолниште во Македонија. Со барање на Албанците во Албанија и Косово, албанската муслиманска заедница во Македонија започна вооружен конфликт во 2001 година, напаѓајќи ја македонската полиција и војска со што се разгореа етничките судири во земјата. За време на конфликтот, многу македонски цркви беа уништени или оштетени од страна на албанските бунтовници. НАТО интервенираше, сепак, се донесе мирно решение за конфликтот, убедувајќи ги Албанците да се разоружаат и да престанат нивните напори за отцепување.

По стекнувањето на независноста во Република Македонија, конзервативната влада успеа да исклучително добро да го симна јаремот на социјализмот, спроведе пазарно ориентирани реформи и создаде модерна, плуралистичка демократија. Светска банка ја рангира Македонија на 10. место во светот за водење бизнис. Индивидуалните и корпоративните даноци во Македонија се 10 отсто. Македонија ужива постојана и релативно висока стапка на раст на бруто домашниот производ, во просек 3,26 отсто во периодот меѓу 2004-2016.

Македонската влада исто така е тесно усогласена со традиционалните интереси на САД. Таа е и близок пријател на Израел. За разлика од повеќето други земји од Старата Европа, таа ги забележа опасностите од бегалскиот бран Блискиот Исток и Северна Африка во 2016 година, па затоа изгради ограда долж јужната граница. Таа прати војници да служат заедно со американските сили во Ирак и Авганистан. Главниот град на Македонија, Скопје, дури има и улица именувана по Роналд Реган.

Според податоците на УСАИД, македонскиот постојан раст и трансформацијата во слободен пазар беше потпомогната преку неидеолошка американска помош канализирана преку УСАИД, која во Македонија испрати некаде меѓу 11 и 63 милиони долари годишно од 2001 година.

Сета таа неидеолошка помош се промени откако во 2012 на сцена дојдоа Џорџ Сорос и Барак Обама. Финансиската помош стана идеолошка. Администрацијата на Обама му помогна на Џорџ Сорос и неговите субјекти во Македонија, чии главен покровител е Фондацијата „Отворено општество“.

Фондацијата „Отворено општество“ доби пари од американските даночни обврзници преку Проектот на УСАИД за цивилно општество, што е тесно поврзано со главната опозициска политичка партија во Македонија СДСМ.

Сепак, од почетокот во 2015 година, методите на работа на овие организации се ништо друго, освен протести од страна на маскирани млади луѓе, каменување на полицијата, кршење на прозорците на зградите, палење на владини канцеларии и друго уништување на објекти од јавна сопственост. Демонстрантите гордо носат маички со натпис „Соросова армија“. Тие ја преведеа книгата на Саул Алински „Правила за радикалите“ на македонски јазик. Лидерот на оваа т.н. Шарена револуција, Павле Богоевски е член на Форумот на Невладините организации кој е финансиран од Сорос и УСАИД. Тој беше избран за пратеник во Собранието на партијата СДСМ, што ги покажува односите меѓу левичарската опозициска партија и групите поддржани од Сорос/УСАИД.

Соросовата Фондација „Отворено општество“ во 2015 година донираше 650.000 долари за деструктивните протестите „Black Lives Matter“во Балтимор. Организираше масовни демонстрации од страна на Сорос е нешто што сме го виделе во близина на нашиот дом. Според Њујорк Тајмс Сорос финансирал 50 партнерски организации за да протестираат против изборот на Доналд Трамп во „Маршот на жените во Вашингтон“. Другите земји во кои Сорос финансира масовни, а често и насилни левичарски превирања против десноориентирани влади се Албанија, Израел и Унгарија.

Соросовите организации во Македонија сега работат за усогласување на силите на левичарско осакатување заедно со албанската заедница во Македонија, за отпочнување на комбинираниот централен напад врз конзервативната влада. Според извештајот на Американ Спектатор, чиј автор се консултирал со американски и македонски конзервативни аналитичари, „нашата надворешна политика ја дестабилизира земјата и го промовира исламскиот екстремизам“.

Во еден разговор со мене, висок македонски функционер ме советуваше дека целиот персонал на мисијата на САД во Скопје, од амбасадорот па надолу, се тврдокорни левичари по калапот на Обама/Сорос и работат на соборување на конзервативната влада во Македонија.

Членови на Конгресот ја испитуваат помошта на САД на овие организации. Според деталите во писмото до владината Канцеларија за одговорност, мисијата на САД во Македонија „активно интервенирала во партиската политика во Македонија“. Ваквите партиски активности од страна на американски официјални лица ја кршат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

Џудишал Воч исто така започна интензивна истрага во врска со ова прашање. Во меѓувреме, администрацијата на Трамп треба да го отповика амбасадорот Бејли. Тоа треба поведе чистка во мисијата на САД во Скопје и да го запре финансирањето на организациите на Џорџ Сорос, кој гордо призна дека соработувал со Нацистите.

Авторот на анализата е Вилијам Маршал, кој повеќе од 30 години работел како аналитичар во владата на САД, приватниот и непрофитниот сектор. Тој сега работи како инспектор во Џудишал Воч.