ДО ИМЕТО ЛИ Е ПРЕДАВНИЧКО: Расколникот Зоран со поддршка до Заев

Zaev-Vraniskovski

Откако пред еден месец расколникот Зоран Вранишковски побара од Заев да се поништи МПЦ, а неговата црква да се прогласи за легитимна, Вранишковски сега отворено дава поддршка до првиот човек на СДСМ тврдејќи дека „погубната политика не’ раскарала со сите соседи“.

Расколникот Вранишковски во велигденското послание вели дека Македонија е на крстопат на кој е доведена заради неуспешна политика на оние што се занимавале со неа.

-Со таквото неодговорно владеење ја отуѓуваат татковината од сопствените граѓани. Колкумина само во последниве години си заминаа од државата? А сигурно не заминале зато што овде ги имале сите услови на напредок? Заминале пред сѐ од револт кон погубната политика која нѐ раскара со сите соседи, без исклучок, вели Вранишковски.

На 9-ти март годинава, пориврзаници на расчинетиот владика преку нивниот интернет блог, „Соборно православие“ го повикаа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откога ќе ја формира новата влада, да ја поништи Македонската Православна Црква, а потоа веројатно и пара Архиепископот Вранишковски да го инсталира за нова црква во Македонија.

„Досетливите“ стратези на ПОА смислиле и добар начин како тоа да го реализираат, па го советуваат Заев дека МПЦ треба да ја обвини за ширење расна и верска омраза и да отвори судски постапки за наводен криминал.