Петрушевски бил член на Извршниот одбор на СДСМ

Виктор Петрушевски, близок до кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски- Циц кој беше задржан на граничниот премин Табановце од страна на српските царински служби, кога сакал да ја помине државната граница со луксузно возило Ауди со кумановски таблички бил член на Извршниот одбор на СДСМ.

izvrsen

Според псоледните информации, Петрушевски порано бил во врска со ќерката на Дамјановски, но се уште ги има задржано партиските фуниции.  Како што веќе објавивме, луксузното Ауди А7 кое го управувал Петрушевски е регистрирано на име на лизинг компанијата.

петрус

 

Петрушевски обидел да пренесе околу 20.000 евра во готово, заобиколувајќи ги царинските процедури и во Македонија и во Србија. Според последните информации кај него биле пронајдени 18.100 евра, 700 долари и 15.000 денари кои се фатени од српска страна, 10.000 евра се вратени, а останатите се привремено одземени до завршување на постапката.

аудициц

Инаку, Петрушевски е близок пријател со повеќе функционери на СДСМ, како и лидерот Зоран Заев.