Карл Билт – Соросов емисар кој не го признава македонскиот народ

Soros-Bilt

Поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билт денеска е во Македонија. Станува збор за неофицијална посета на дипломат кој во моментов нема никаква официјална функција, туку е копретседавач со Европскиот совет за надворешни работи, невладина организација која се занимава со политички анализи.

Билт самиот се нарекува добар познавач на Балканот и често излегува со оцени за политичките состојби во Македонија и во Србија. Не случајно токму Скопје и Белград се дестинации на оваа негова приватна посета.

Билт во 2014 година на форум во Хрватска, коментирајќи ги случувањата во земјава, нѐ нарече Славомакедонци, а пак неодамна побара од Европската Унија да испрати воени трупи на Балканот и да се изведат воени вежби. Коментирајќи го традиционалниот „Кроациа форум”, кој летото 2014 се одржа во Дубровник, во своето размислување за тоа како минал Форумот, шведскиот министер, меѓу другото ќе напише:

„Се разбира, овој Форум беше можност за дискусија во однос на состојбите во различни земји. Она што ме загрижува најмногу во моментов е развојот во Македонија. Таму може да видиме прилична затегнатост во односите меѓу славо-македонската и албанската заедница во земјата“, посочува Карл Билд во писанието каде се обраќа на шведски јазик.

Ваквиот став на Билт дојде една седмица откако тогаш новиот американски амбасадор во Скопје, Џес Бејли, во американскиот Сенат посочи дека во Македонија живеат „мнозинство Словени и малцинство етнички Албанци”.

Билт доаѓа во Скопје како копретседавач со Европскиот совет за меѓународни односи, невладина организација која се занимава со политички анализи, но доколку подобро се погледне за каква организација станува збор, тогаш излегува на виделина дека Билт во Скопје всушност доаѓа како соросов емисар.

funded

Организацијата во чие име доаѓа Билт е основана и финансирана од американскиот милијардер Џорџ Сорос. На официјалната страна на Организацијата стои дека Фондациите „Отворено Општество“ се најголем донатор и поддржувач и посебно се заблагодаруваат. Впрочем и во листата на донатори за 2016, „Отворено Општество“ е во 4-те донатори со најмногу придонес.

Дополнително, дека Карл Билт е верен соросов пион покажува и мејлот кој го објави Викиликс испратен од Џорџ Сорос до Хилари Клинтон во 2011 година, додека била шеф на американската дипломатија, во кој и дава детални упатства за тоа како таа да им пристапи на тогашните немири во Албанија, истакнувајќи дека за тоа „е потребно вниманието од највисоко ниво на американската Влада“.

„Сметам дека е непходно итно да се направат две работи: 1) Максимално ангажирање на меѓународната заедница за премиерот Бериша и лидерот на опозицијата Еди Рама да ги спречат натамошните демонстраци и да ја ублажат јавната реторика; 2) да се именуваат високи европски претставници како посредници“, пишува во мејлот упатен до тогашната  државна секретарка на САД.

Сорос, покрај тоа, предлага тројца кандидати за посредување во решавањето на албанската криза: Карл Билт, Мартин Ахтисари и Мирослав Лајчак, со објаснување дека сите тројца се „силно врзани за Балканот“.

vikiliks

Билт во Скопје ќе има одделни средби со претставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, но не и со претседателот Ѓорге Иванов. Од кабинетот на шефот на државата се изјаснија дека средба со шведскиот дипломат не е предвидена. Претходно Иванов одби да се сретне и со комесарот за проширување Јоханес Хан откако тој претходно не сакаше да се сретне со претставници на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.