Веселата математика на Заев – Разобличена тезата на СДСМ за 700.000 гласа

СДСМ и нивните сателити откако ги изгубија изборите почнаа да си играат весела математика. Зоран Заев се претставува како успешен бизнисмен кој има заработено милиони, но вака јавно делува како да е скаран со бројките.

Ова го истакна главниот и одговорен уредник на Информативната редакција во Алфа ТВ, Коле Чашуле во неговата нова емисија „Седмица“ која се емитуваше во неделата.

-Се сеќавате на фамозните фантомски гласачи кои од 500.000 паднаа на 30.000 и за на крај да се сведе на стотина луѓе меѓу кои инаку бев и јас кога ме прогласија за фантом и не ми беше дозволено да гласам, рече Чашуле и додаде:

Веднаш по изборите, СДСМ ја лансираше тезата дека ВМРО-ДПМНЕ иако доби двајца пратеници повеќе, изгубило на избори со тоа што 600.000 илјади луѓе гласале против ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. Сигурно математичарите се прашуваат од каде таа математика.

Чашуле во неговата емисија објасни околу бројките.

-На 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ освои 454.577 гласови, СДСМ 436.981, ДУИ 86.796 гласа, БЕСА 57.868 гласа, Алијанса на Албанците 35.121, ДПА 30.964, сите помали партии заедно освоија околу 51.655, и околу половина милион неопределени, односно луѓе кои не излегле на гласање.

Е сега нивната математика тука е интересна и станува срамна, дури и за деца од основно училиште. Замислете земале и си ги собрале и си ги додале на своите 436.981 глас сите оние гласови на ДУИ, БЕСА, ДПА, па дури и на оние што не излегле и стигнале до некоја бројка од 700.000 гласа и гласно викаат сите овие се против ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.

Ако е така тогаш ниту една партија во Македонија од самостојноста до денес која формирала Влада не победила на избори. Еве истата формула сега ќе ја спроведеме и на другите избори.

Во 2002 година кога последен пат победи СДСМ имаа 497.000 гласови, ВМРО-ДПМНЕ имаа 299.000, сите други партии од македонскиот и албанскиот блок 340.000. Од тука по оваа логика против СДСМ гласале 639.000 луѓе, а за нив гласале 497.000. Па сепак тие беа тие кои формираа Влада, подвлече тој.

Инаку, емисијата „Седмица“ ќе се емитува еднаш неделно- секоја недела во 18 часот.