ВМРО-ДПМНЕ: Кампањата ќе беше почната ако се донесеше одлука за избори

VMRO-DPMNE-Zname-na-nova-zgrada

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оценува дека веќе би била почната кампањата за предвремените парламентарни и локални избори доколку СДСМ не се плашела од гласот на македонските граѓани.

– Доколку криминогеното раководство на СДС имаше образ и одлучеше да ги праша граѓаните за тиранската платформа, наместо постизборно да им ја подметне, веќе наголемо ќе течеа дебатите околу штетните последици од кукавичкото прифаќање на елементите од платформата. Доколку СДС наместо антидржавна и антинационална политика, донесеше демократска одлука да се оди на избори, на 7-ми или на 14-ти мај ќе се знаеше волјата на народот и Македонија ќе ја отвореше вратата за излез од политичката криза, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека наместо храбра и државничка политика, лидерот на СДСМ одбрал да молчи за сите негирања на македонскиот идентитет.

– Народот бара реални мерки за подобра иднина. Народот не сака платформи од туѓи држави. Народот бара нови предвремени парламентарни избори за да му покаже на СДС како се сака Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ.