Бошњаковски: СДС не треба денес да слави роденден – таа само го смени името, но остана наследник на теророт кој го вршеше тогашниот режим

СДС не треба денес да слави роденден. На денешен ден не е основана нова партија, туку е преименувана старата партијата СКМ-ПДП т.е. КПМ. Таа беше носител на комунистичката диктатура во тогашна СРМ. Така СДС не е само морален, туку е и правен наследник на теророт кој го вршеше тогашниот режим, кој не дискриминираше помеѓу народите и народностите.

Од овој период потекнуваат економските структурални проблемите – конкретно на албанците затоа што е актуелно – со невработеност и незастапеност во јавните институции и образование. Да вистина е дека, према албанците имало големи неправди. Тоа во ни еден случај не е геноцид, ама не е за негирање, како што не треба да се негираат и неправдите врз сите народи и индивидиу од тогашниот ненароден режим, во кој џелати биле и македонци и албанци и срби и се друго без да навројуваме.

Денес наследниците на овој режим – често и крвни не само партиски – сакаат да ја претстават СДС да европска партија, која се бори за демократија и правата на малцинствата! Тоа е смешно! Исто како некој наследник на Сталин да кажува за слобода на мислење или некој ех-наци да се бори за правата на евреите.

Но има барем една позитивна работа во цела оваа иронија. Барем се срамат од своето минато, па се обидуваат да го скријат. Барем знаат дека грешеле. И тоа и се друго ќе им простиме. Само нека престанат!

П.С. Освен партијата на Слобо во Србија, ниту во една источно-европска или ех-ју земја не се актуелни веќе поранешните комунистички партии.

Фејсбук статус на Владо Бошњаковски