ПОЧНА ЈАДЕЊЕТО ЖИВИ ЛУЃЕ: СДСМ и ДУИ почнаа со бркање од работа, ќе страдаат само Македонци

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, тргнува во пресметка со своите и на СДСМ политички неистомисленици. Имено истата без основа го разрешила директорот на средното стручно училиште „Моше Пијаде“ – Тетово, Александар Бачевски. Арифи без одлука на училишен одбор (УО) на училиштето и без мислење на Просветен инспектор, сама донела нелегално и нелегитимно решение со кое го разрешува истиот.

-На ден 11.5.2017 година во 14:30 часот ми беше врачено решение за разрешување од позиција директор од градоначалничката Теута Арифи. Јас го прифатив решението, го потпишав меѓутоа остана една дамка по 3 години и 3 месеци успешно работење каде сме успеале да рестартираме автошкола, млекара, спортска сала, стакленик, комплетно реновирана нова зграда, средување на училишните дворови. Успеавме да ја донесеме спортската академија која веќе треба година функционира, се случи ова. Денес извршивме примопредавање на новиот директор Афродита Хамити, инаку вработена професорка по информатика. При доставување на решението, тоа е комплетно невалидно од правен аспект затоа ќе следува обжалување, а друга страна е среќна околност е што директорката е од нашиот училишен центар која ми го врачи решението за професор по спорт и спортски активности. Мислам дека успешно ќе ме замени од позиција на директор. Единствена причина зошто сум разрешен е дека сум бил на протестите на „За заедничка Македонија“, тоа на секој Македонец треба да му биде чест и достоинство, ова е демократија и 21 век и секој може слободно да си ја изрази својата волја, вели разрешениот директор Бачевски.

Да се потсетиме, над година дена гледавме насилни протести на таканаречената шарена револуција но, власта на ВМРО ДПМНЕ заради учество во протестите не даде отказ на ниту еден учесник вработен во било која институција од јавниот сектор.