СЕ ПОМАТИЈА СМЕТКИТЕ: Еве зошто, сепак, се уште ја нема новата влада

Тешко му оди на Заев со поделената ДУИ и антагонизмот помеѓу Ахмети и Kасами

И покрај првичниот оптимизам дека во понеделник (денес) владината програма и составот на владиниот кабинет ќе бидат доставени до Собранието, проценката е дека за СДСМ ќе биде успех ако мандатарот Зоран Заев успее да ја стокми владата за 10 дена, како што првично најави.

Извори од партиските тимови брифираат дека тешко одат преговорите, особено поради нетрпението во албанскиот блок. Проблем е антагонизмот помеѓу ДУИ и Беса, од една страна, и нетрпението помеѓу двете крила во партијата на Али Ахмети, од друга страна. Интересот на ДУИ, Беса и „Алијансата за Албанците“ е да бидат во владиниот кабинет и поради тоа Заев ќе треба да се помачи за да ги задоволи апетитите на трите партии.

По средбата Заев – Ахмети и на претставници на СДСМ и Беса, за денеска или утре се најавува средба и со „Алијансата за Албанците“. И од СДСМ и од Беса изјавија дека засега на маса се само принципите на владеењето. Ниту една страна не открива кои се, односно за какви принципи станува збор. Освен принципите на кои треба да се темели новата влада, на маса е ставена и поделбата на ресорите.

Официјално, од партиите не коментираат како течат преговорите. Учесници на преговорите брифираат дека СДСМ од потенцијалните владини партнери бара во владиниот кабинет да нема лица опфатени со истрагите на СЈО, но и да нема партиска заштита на владини функционери ако во иднина бидат предмет на истрага на Специјалното обвинителство. Социјалдемократите бараат од владините партнери да прифатат истрага за потеклото на парите на партиите.

Иако информациите се дека и ДУИ и Беса се конструктивни во врска со СЈО, сепак преговорите за влада ги одолжува партијата на Ахмети, од чии редови е можно да има засегнати од истрагите на Специјалното обвинителство. Судирот помеѓу двете крила на ДУИ е дали на министерските позиции да бидат поранешни министри или за новиот владин кабинет да се оди со нови неизвалкани кадри. Токму пред ваква дилема е и лидерот Ахмети, притиснат од барањата на двете крила. Неофицијално, дополнителен притисок врз Ахмети е и навестувањето од СДСМ дека во владата би било добро да бидат некои од функционерите што директно беа вклучени во преговорите со социјалдемократите, како Теута Арифи и Изет Меџити.

Но, спротивставеното крило во ДУИ има голем отпор поранешни министри и заменик-министри и во новата влада да предводат некои од ресорите. „Дневник“ веќе објави дека е можно во новата влада Ахмети да не предложи ниту еден функционер на ДУИ кој бил дел од која било претходна влада и оти лидерот ќе оди со целосно нов тим на „Илинденска“. Потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта, вчера индиректно ни го потврди тоа иако се огради дека тој може да зборува само за своите ставови.

– Во новата влада ДУИ треба да партиципира со угледни и луѓе, кои имаат репутација во општеството. Иако ДУИ има големо членство, ако нема такви личности, зошто да не, нека бидат луѓе што се надвор од партијата. Kонечно, треба да се расчисти со функционерите што државата ја доведоа до ова дереџе – ни изјави Бејта.

На Зијадин Села сега му пречи и договорот за нов клинички центар Оставете коментар за објавената вест Од кого: Коментар: *Внесете го кодот во празното поле Проблем за Заев е како во иста влада да ги седне ДУИ и Беса, кои и не кријат дека не се поднесуваат. По средбата меѓу партиските тимови на СДСМ и Беса, информациите се дека партијата на Билал Kасами на маса ги ставила своите принципи за учество во владата. СДСМ и Беса се усогласени дека во новата влада не треба да има инкриминирани функционери во истрагите на СЈО.

Беса инсистира ако во владата има функционери што допрва ќе бидат под истрага од СЈО, веднаш да се повлечат. Партијата на Kасами бара одлуките во владата да се носат со консензус, односно рамноправно партнерство на партиите што ќе бидат дел од владиниот кабинет. Во однос на распределбата на ресорите, Беса бара балансирана власт, односно во сите ресори да има функционери од сите партии, и за меѓусебна контрола, но и да не се претворат министерствата во испостави на некоја од партиите.

Токму балансираното владеење, велат од Беса, може да биде компромисот за нивното барање за еднаков број министерства со ДУИ. Освен принципите за владеењето на новата влада, на маса е и првичната распределба на ресорите меѓу партиите. Kако што веќе објавивме, албанскиот блок може да смета на осум ресори. Понудата за ДУИ е четири министерства плус две вицепремиерски позиции, додека Беса и Алијансата би добиле по едно министерство.

По првичните информации дека ДУИ ќе ги добие ресорите економија, образование, локална самоуправа и животна средина, како и вицепремиерските за Рамковниот договор и евроинтеграциите, сега апетитите на интегративците се да го добијат ресорот транспорт и врски, но во игра е и Министерството за одбрана. Позициите на СДСМ се дека ДУИ ќе треба да избере помеѓу економија и транспорт и врски, но не и двете.

Ако, пак, интегративците инсистираат на ресорот одбрана, тогаш ќе останат без вицепремиерското за евроинтеграции, но ќе добијат министерство без ресор. Неофицијално, Беса типува на Министерството за правда, кое засега треба да му припадне на СДСМ. За Беса, правда е битен ресор, бидејќи токму тоа Министерство ќе го предложи законот за употребата на албанскиот јазик. За „Алијансата за Албанците“ се споменува Министерството за здравство.

Извор: Дневник