ВМРО-ДПМНЕ: СДС да собере храброст и што поскоро да овозможи локални и предвремени парламентарни избори

СДС да собере храброст и што е можно поскоро да овозможи одржување редовни локални и предвремени парламентарни избори, апелира ВМРО­-ДПМНЕ. Додека СДС е синоним за деструкција и интриги, ВМРО­-ДПМНЕ, како што соопшти, реализира реални, конкретни проекти, создава и гради, работи за сите граѓани и за државата, и ги штити нивните интереси. ­

– Додека ВМРО-­ДПМНЕ гради и создава за сите граѓани, СДС влегува во нови интриги и манипулации со ветувањата на Заев за воведување консензуална демократија. Додека ВМРО­-ДПМНЕ работи за подобра иднина на сите, партнерите на Заев се пазарат колкав дел од тиранската платформа да се реализира, а колкав да остане во следната фаза – наведува ВМРО-­ДПМНЕ во соопштението.

Владата предводена од ВМРО-­ДПМНЕ во овој временски период, информира партијата, гради 200 километри гасоводна мрежа и три гасоводни линии, Скопје -­ Тетово -­ Гостивар, Штип­ – Неготино и Неготино­ – Прилеп-­Битола.

– Ги правиме најголемите инфраструктурни зафати во историјата на Македонија, истовремено работејќи на три автопати, Демир Капија – ­Смоквица, кој е речиси финиширан, Миладиновци -­ Штип, кој е во крајна фаза на реализација и Кичево – ­Охрид, на кој, исто така, интензивно се работи, како и експресниот пат Штип – Кочани – стои во соопштението.