Шеќеринска пред избори излажа дека „бројот на министри во владата на СДСМ нема да надмине 20“, а денес најавија влада со 25 министри!

Sekerinska-broj-na-ministri

Владата предводена од СДСМ, ДУИ и ДР-ДПА ќе биде рекордер по бројот на министерски места. За да се обезбеди „мир во куќа“, новата влада на СДСМ ќе ја сочинуваат дури 25 министри, бројот на министри без ресор ќе се зголеми над 100% односно наместо досегашните 7, сега ќе има дури 15!

-Шекеринска пред избори: Бројот на министри во владата на СДСМ нема да надмине 20! СДСМ ќе има влада со 25 министри!

СДСМ денес: влада со 25 министри!, напиша на својот ФБ профил пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Наспроти предизборните ветувања на СДСМ дека ќе го намалеле бројот на министри, ова би значело дека со доаѓањето на Заев ќе се зголемат министерските места кои се платени со парите на граѓаните, со што уште еднаш излегува на виделина лицемерната политика на социјалдемократите.