Заев побарал посебен тим од келнери и кувари за себе во Владата

Zaev-izjava

Неколку дена после влегувањето во владата Зоран Заев на својот новоназначен генерален секретар Драги Рашковски му дал список на работи и задолженија кои треба да ги набави и организира во владината зграда.

Извори од Владата коментираат дека покрај некои логични барања како нов компјутер, музички систем, ЛЦД телевизори и кино систем, добиле задача од секретарот Рашковски да адаптираат и три простории за луѓе кои треба да дојдат и да работат во новиот тим за послуга на премиерот.

„Не биле доволни луѓето во службите, Заев не им верувал, а Рашковски се согласил дека не треба да го служат со храна и пијалаци луѓе кои работеле во претходната владина постава“, коментираат нашите извори од Владата.

Заев и Рашковски биле незадоволни и загрижени што луѓето од службите кои се грижат за опслужување на вработените во владата се недоволно на број за да одговорат на потребите на сите нови министри, заменици, секретари и советници кои со себе ги донесе новата владина администрација.

„Сега тој (Заев, н.з.) ќе донесе посебна екипа од келнери и готвачи само за него која ќе смее да ја користи и Рашковски во случај кога има итна потреба од храна или пијалак, а постојните вработени се некаде низ зградата да носат нарачки кај другите министри и заменици.“ додаваат изворите од Владата кои инсистираат да останат анонимни.