Промена на името е клучната реформа на СДСМ- СЈО ја замајува јавноста додека Заев и Димитров го решаваат името

promena

Излегува на површина причината поради која СДСМ и Зоран Заев беа инсталирани на власт во Македонија и покрај поразот на изборите одржани на 11-ти декември. Аналитичарите и претходно предупредуваа дека носењето на Заев на власт без победа на избори е дел од едно поголемо сценарио за промена на името на државата, односно дека клучната реформа на Заев и СДСМ всушност ќе биде промена на уставното име.

Новиот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров уште неотиден на средба со грчкиот колега Никос Коѕиас во изјави за странски медиуми навестува дека новата влада е подготвена за промена на името. Димитров денеска во изјава за „Фајненшел Тајмс“, која подоцна беше корегирана вели дека „Македонија ќе ја разгледала можноста за промена на името“, со цел да се одблокирално грчкото противење за членство во НАТО.

Пред средбата со Димитров, Коѕиас во изјава за грчките медиуми изнесе категоричен став дека без промена на името, Македонија не може да стане членка на ЕУ и НАТО. Ова значи дека без разлика на „корегираниот“ став на Димитров, доколку новата влада на чело со Заев сака членство во НАТО, тогаш мора да постигне компромис со Грција за промена на државното име.

-Одиме кон финишот на сценариото, да се смени името на државата. Тоа треба да е финишот на целата операција која веќе три години ја гледаме, и

Коѕиас не го менува ставот дека Македонија ќе стане дел од НАТО само откако ќе се реши спорот за името.Коѕиас вчера во говор во Кожани на настан организиран од неговото политичко движење „Прато“ на само три дена пред средбата со новиот македонски колега Димитров индиректно порача дека грчката Влада не отстапува од своите ставови.

– Сега кога работите се стабилизираа повторно ќе дојдат некои (европски политичари) и ќе кажат: ‘За да ја стабилизираме дополнително државата да  ја внесеме во НАТО и ЕУ?’. Ние немаме ништо против, но треба тие да ги одржат нивните обврски, што значи дека треба да престанат со иредентизам и да направат компромис во спорот за името, вели Коѕиас.

„Фајненшел тајмс“ во текстот како можна варијантна го споменува името Горна Македонија, нагласувајќи дека според Димитров, договореното име за компромис ќе биде ставено на референдум во Македонија, а претходно за него ќе се бара консензус од сите политички партии.

СДСМ сака брзо да го смени името, СЈО прави димна завеса за замајување на јавноста

Со цел да се прикријат обидите на СДСМ за брза промена на името, партиското Специјално јавно обвинителство (СЈО) на СДСМ прави димна завеса и ја замајува јавноста со повикување на сослушување голем број видни партиски фунционери на ВМРО-ДПМНЕ, притоа заканувајќи се дека во следниот период ќе биле поднесени огромен број обвиненија.

Токму ова е причината зошто ВМРО-ДПМНЕ треба да се прикаже како криминално, а неговите функционери како корумпирани, насилници и монструми. Со цел да се замае јавноста од постапките на СДСМ, Зоран Заев и Никола Димитров, за што последиците можат да бидат катастрофални и несогледливи на штета на македонската држава, партиското обвинителство на СДСМ ги повикува на сослушување функционерите на ВМРО-ДПМННЕ, додека надвор новинарите кои „случајно“ дознале ги чекаат за изјава.

Со цел да се затскрие спроведувањето на главната „реформа“ на СДСМ, раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде потрупано со обвиненија и со секојдневни одења по судови, додека во меѓувреме некој ќе си ја заврши планираната работа, или поточно одработи за центарот кој без поддршка од народот ги донесе на власт.

Додека граѓаните ќе се замајуваат и залажуваат со обвиненијата на СЈО за „криминално-корумпираното“ раководство на довчерашната владејачка партија, а во ВМРО-ДПМНЕ ќе се занимаваат сами со себе, Зоран Заев и Никола Димитров во позадина ќе работат да го решат името по грчки терк.

Сето ова се прави додека народот дополнително се замајува со тоа што ручале поранешните министри и заменици и кој не го испрал блиндираниот мерцедес на МВР. Излегува на површина и зошто ДУИ беше однесена во коалиција со СДСМ и зошто се брзаше Талат Џафери нелегитимно да биде поставен за претседател на Собранието, дури и по цена на граѓански конфликт.

Станува и јасно зошто на местото министер за надворешни работи поставена е нестабилна личност како Никола Димитров, секогаш попустлив пред странците. Според експертите, сценариото за промена на името, поради која СДСМ и Зоран Заев беа донесени на власт во Македонија без победа на избори влегува во завршна фаза.

Целокупната операција која трае последните три години, почнувајќи со бомбите, преку Пржинскиот договор и формирање на СЈО, резултираше со носење на власт на Заев од страна на меѓународниот фактор. Конечната цел е промена на името на земјта со поставувањето за премиер на човек кој самиот вели дека треба да ја свиткаме кичмата за името.

Аналитичарите предупредуваа дека промена на името е крајната цел

Голем број аналитичари, универзитетски професори, новинари веќе подолг период предупредуваат дека токму промената на името на државата е крајната цел на поставувањето на СДСМ и Заев на власт.

-Одиме кон финишот на сценариото, да се смени името на државата. Тоа треба да е финишот на целата операција која веќе три години ја гледаме, изјави  политичкиот аналитичар Никола Србов.

– На сите овие голготи кои ги минавме уште од независноста, 2001 година беше врвот, а ова е некаква финализација на сите тие сценарија и планови пред се на главната светска супер сила која го води и менаџира целиот овој процес, Македонија биде прекрстена. Така што Македонскиот народ биде избришан, а после тоа да се види штоќе биде со оваа држава. Да не заборавиме дека ако нема Македонци, а тоа е целта со прекрстување на државата и на народот, оваа држава не е потребна. Тоа сценарио кое се спроведува веќе 25 години сега доживува одредено финале. И тоа финале е дефинитивно да се фрли земјата на колена и да и се стави нож на грлото и да прифати прекрстување, изјави поранешниот дипломат Ристо Никовски.

Целата игра што се случува е одраз на притисоците за промена на името, смета политичкиот аналитичар Александар Даштевски.

-Некој прифатил да се промени името – агенда што одредени политички партии ја туркаат уште од 2008 -та година. Јасно е дека се јавија политичари што се согласуваат со промена на името, а тоа значи губење на целиот идентитет и не смее да се дозволи. Ако го промените името, лесно е да ги промените и другите симболи. Крајната цел најпосле е да се уништи ВМРО-ДПМНЕ зашто не се откажува од промена на името, истакна Даштевски.