Анастасија Петрова: Клиентелистите во скутот на Заев кои се прикажуваат за реформатори, изнудуваат од компании пари за личен интерес

Граѓаните преку социјалните мрежи се повеќе ги критикуваат „реформаторите“ за кои велат дека се во скутот на премиерот Зоран Заев. На социјалните мрежи се појавуваат се повеќе негативни коментари за Александар Михајловски и останатите „реформатори. Во еден од постовите се наведува дека „среброљубецот Алек Даравела одма се впуштил во соработка со олигархот од Владата на Заев, Кочо Анѓушев и силно пристискаат врз компании да остварат личен интерес“.

-Клиентелистите кои се во скутот на Заев и кои милуваат да се самопрогласат за реформатори, си ја покажуваат опашката која многу јасно е подвиткана и на нејзе седи СДС. Па, така среброљубецот Алек Даравела одма се впуштил во соработка со олигархот од Владата на Заев, Кочо Анѓушев и силно пристискаат врз компании да остварат личен интерес. Први на удар се рудниците, истите тие против кои соросовите организации организираа референдуми, а најмногу притисок има врз рудниците Иловица и Плавица-Генесис, каде е вработена сестрата на новиот генерален секретар, Рашковски. Се јавиле и во една компанија за производство на автомобили и барале средба за понатаму да можат нормално да остварат личен интерес кој се брои во кеш. Реформистиве на прва кривина се покажаа дека се клиентелисти. Од реформи само пари признаваат!, пишува Анастасија Петрова.