Доаѓа живот и од Србија: Александар Родиќ поради истрагите против него подготвува бегство во Македонија со помош на Заев

sredba

Александар Родиќ подготвува бегство во Македонија поради истрагите за криминал кои се водат против него во Србија – ова наголемо се шпекулира низ белградските но и скопските кулоари.

Родиќ, или човекот кој медиумите во Белград го нарекуваат албански платеник кој одработува за идејата за „Голема Албанија“ е добар пријател на Зоран Заев и негов медиумски поддржувач и во Србија и во Македонија.

Имено, Родиќ е сопственик на весникот „Слободен печат“ кој го уредува Бранко Героски, како и на весникот Курир во Србија и на порталот курир.рс, за кои Заев дава изјави во кои го напаѓа Александар Вучиќ во корист на Родиќ, односно медиуми кои за возврат редовно пишуваат нарачани текстови од страна на Заев и неговиот СДСМ.

Родиќ води отворена војна против Вучиќ во која го користи токму Заев. Заев организира средби со Родиќ на кои јавно го фали него и неговите медиуми за „објективно информирање за кризата во Македонија.“

plusinfo

Со ова Заев сака и пред домашната јавност да го претстави информирањето на Слободен Печат и српски Курир како објективно, а не како партиска нарачка што и всушност е.

libertas

И второ, сака да му помогне на Родиќ да си го пере имиџот пред српската јавност, односно да му даде и политичка тежина на Родиќ и неговите квалификации дека во Србија против него се води хајка бидејќи бил објективен информатор, а не криминалец.

Министерството за внатрешни работи на Србија во соработка со надлежното обвинителство и даночната полиција ја заврши сеопфатната истрага против Александар Родиќ, „Адрија медиа груп“ на чие чело е тој и весникот Курир, пишува српскиот весник Политика, додавајќи дека тоа е причината зад последните потези на Родиќ, кој беше меѓу првите лица кои беа примени во премиерскиот кабинет на Зоран Заев.

Весникот во текстот под наслов „Курирови работи“ наведува дека се обезбедени конкретни докази за злоупотреби во финансиското работење, неплаќање на даночните обврски, фалсификување на документи, уцени, закани…

Како што оценува Политика, слично на претходните сценарија за одбрана Родиќ со отворени писма и пароли се обидел да ги оневозможи државните органи да си ја вршат својата работа.

„За да може претстојното постапување по кривичната пријава да го прогласи како политичка одмазда смислил ’скопски маневар’ и жалење во стилот на ’Јас сум борец за слобода на медиумите и бизнисмен кој го шири пазарот, жртва сум на прогон, бидејќи не прифаќам уцени’“, пишува Политика додавајќи дека Родиќ „потегнува и безсмислени тврдења како она дека БИА го следи, дека животот му е загрозен за јавноста да го гледа како жртва“.

Врз база на ова сценарио, Родиќ со Заев договорил и бегство во Македонија за да избегне соочување со законот во Србија, а Заев наводно му гарантирал дека се додека неговите медиуми одработуваат за СДСМ, ќе биде заштитен во Македонија.