Дојде живот, криминалците чувствуваат силна поддршка од власта

zaev kr

Врската на СДСМ со криминалното подземје не е некоја новина за граѓаните, имено јавноста беше сведок на голем број криминалци кои во изминатиов период пред СДСМ да ја превзеде власта завршија зад решетки поради шверц и трговија со дрога. Но, очигледно врската со криминалното подземје СДСМ ја оддржува и по превземањето на власта, па така високи претставници на СДСМ можеме да ги видиме во често друштво на  Леко Муртезани, како Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи и донеодамна генерален секретар на СДСМ, Мухамед Зекири, кој е врска на СДСМ со повеќе криминални структури од регионот и Љупчо Николовски, министерот за земјоделство.

spasovski

Инаку Леко Муртезани е човек со дебело криминално досие, во 2001 година има одлежано 6 месеци затвор за извршено кривично дело тешка кражба, во 2003 година е осуден на казна затвор од 6 месеци, условена 2 години, во 2004 година осуден е на 1 година затвор со 3 години условно и во 2011 година е осуден на 7 години затвор.

Мухамед Зекири, кој во изминатиов период имаше за задача да ги врзе за СДСМ радикалните албански гласови и да биде врска со криминални структури од Косово, неодамна беше во друштво со браќата Геци во посета кај Зијадин Села, кои според ЕУЛЕКС се прогласени за виновни за воено злосторство против цивилното население, поради убиството на Гани Бериша извршено на 18-ти јуни 1999 година во медицинскиот центар во Скендерај / Србица.

zaev kr5

zaev kr6 zaev kr7

Леко Муртезани, не е единствен криминоген лик во друштво на Спасовски. Оливер Спасовски беше често фотографиран и со Ердован Џафероски, кој се обиде да го убие лицето С.З. (29) пукајќи кон него со огнено оружје, после тепачката меѓу две фамилии во селото Св. Петка и беше чест посетител на настаните на СДСМ и шарената револуција.

zaev kr4

Во често друштво со врвот на СДСМ беше и Сеад Рахиќ – Сетко, кој беше уапсен во акција на полицијата во февруари оваа година за трговија со дрога. Во акција на полицијата во март беше сузбиена и криминална група од Арачиново за трговија со дрога меѓу уапсените тогаш беше и братот на Претседателот на ОО СДСМ во Арачиново, лице кое е во блиски релации со Заев и Зијадин Села и за кое медиумите пишуваа дека е една од врските помеѓу двајцата.

zaev kr1

Во март оваа година полицијата уапси и сузби криминална структура од с.Орди, тетовско, за трговија со дрога, лица кои беа во блиска соработка со Петре Шилегов, за време на изборите. Во акцијата во тетовско беа уапсени Сами.Ф, заедно со Ферит.И и Мендух. А.

tetovsko

Лица припадници на криминалното подземје не само што се пријатели и први соработници на Заев, туку истите од него добиваат и врвни партиски функции, таков е примерот со браќата близнаци од Ѓорче Петров, Даниел и Дејан Трајковски. Имено Дејан Трајковски е осудуван за казна затвор во висина од 5 години и 2 месеци и сега моментално е во бегство за обид за убиство. Истиот е член на ОО нна СДСМ во Ѓорче Петров и за време на изборите во 2014 беше личен шофер на Петре Шилегов.

 

Даниел пак во јавноста се „прослави“ како човек што бараше рекет и го уценуваше скопскиот бизнисмен Орце Камчев и бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков. Двајцата браќа заедно имаат 21 ривична пријава.

zaev kr2

status

Дел од луѓето со дебело криминално досие и со силни врски со СДСМ е и Харун Хаџибулиќ, кој е познат припадник на скопското криминално подземје и е осудуван за насилство и наркотични деликти, а по него беше распишана и потерница за помагање во убистото на Мирсад Криешторац кај Универзалната сала во Скопје во 2010 година, за од неодамна да биде составен дел од економскиот тим во новата Влада на Заев.

zaev kr3