СДСМ ќе ги враќа партиципациите за студирање на 1000 евра

zaev-deskovska

Партиципациите за студирање на државните универзитети во Македонија ќе бидат вратени на висината која беше определена во времето на СДСМ пред 2006 година – и кои достигнуваа до 1000 евра.

Ова за нашата редакција го соопшти анонимен извор од кабинетот на министерката за образование Дескоска, додавајќи дека СДСМ е сериозно подготвен да крати средства во образованието за да има пари за своите популистички проекти кои ги најавуваше во кампањата.

Досега откако се на власт СДСМ го укинаа екстерното тестирање, најавија укинување на кембриџ програмата, а како што се шегуваат по социјалните мрежи, мерките за штедење ги примени и врз студентските домови, па ги остави студентите во „Гоце Делчев“ цел ден без струја, бидеќи МОН и Дескоска заборавиле да ги платат сметките за електрична енергија.

Последна „голема мерка“ на СДСМ беше таа за укинување на дисперзираните студии, со која илјадници студенти од внатрешноста ќе останат без можност за достапно високо образование, и доколку сакаат да се школуваат на факултет, ќе мора да се преселат во Скопје, да плаќаат високи кирии и да живеат со цените на главниот град.

СДСМ оваа мерка исто така ја оправда со финансиските придобивки кои ќе ги има Владата ако нема дисперзирани студии.

Токму затоа, вели нашиот извор, наредни на мета се партиципациите кои ВМРО-ДПМНЕ пред повеќе години ги намали на 200 евра за во државна квота и 400 за во приватна за сите кои студираат во Скопје, а половина од тоа доколку се студира на дисперзираните студии во внатрешноста.

Со укинувањето на дисперзираните студии се придонесува директно за намалување на бројот на жители на помалите градови, а со зголемувањето на партиципациите кои во времето на СДСМ беа до 1000 евра се очекува да се намали и бројот на студенти во Македонија.