Еве зошто се бореа: Димитров наместо решавање на проблеми, лумпува по кафеани до раните утрински часови со непозната женска особа

Новиот министер за надворешни работи во Владата на Зоран Заев, Никола Димитров во видно алкохолизирана состојба лумпува по кафеани до раните утрински часови со непозната женска особа, покажува оваа фотографија која се појави на социјалните мрежи.

Наместо да ги решава проблемите на граѓаните, новиот шеф на македонската дипломатија го потврдува статусот на нестабилна личност. Веднаш по неговото назначување, дел од медиумите го опишуваа како голем трошаџија, вешт и убедлив говорник и манипулант.

Како амбасадор на Република Македонија во САД предложен од Борис Трајковски се истакна по неколку работи. Чести посети на казина, особено оние во Лас Вегас, редовно вечерно опуштање со чашки алкохол, и плукање и оцрнување на тогаш новото раководство на ВМРО во Вашингтон.

Во кумска врска е со Борјан Јовановски. Кога е во Скопје скоро секоја вечер заедно ги затвораат кафеаните каде престојуваат, прилично развеселени и со дузина скадали зад себе, за што потврда е и оваа фотографија. Оние кои го познаваат го опишуваат како шармантен и духовит, харизматичен и уверлив, човек гази преку трупови без никакви морални скрупули.

Секогаш за секој негов чекор си наоѓа објаснување и тера. Вешт манипулант кој често во друштво прераскажува како успеал да изманипулира други соговорници и да ги увери во нешто што и тој не верува, и е прилично горд со тоа, се фали со тоа и раскажува, убеден дека така ќе си ја подигне својата вредност и цена.