Критики, навреди и закани кон ЛГБТ заедницата од поддржувачите на потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири

6

Дебатата која ја расжешти јавноста последните два дена, за истополовите бракови и нивната легализација предложена од пратеникот на ДУИ Бранко Маноиловски, зазема се поголем замав.

Откако потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири одговори на барањето на ДУИ со цитат од Куранот во кој се проколнуваат хомосексуалците, во јавноста се појавија бурни реакции. Меѓу многуте, има и такви во кои поддржувачите на потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, остро и на моменти крајно дрско и навредливо се оббраќаат на припадниците и поддржувачите на ЛГБТ заедницата.

вие сте ненормални, браво Муки; На вас би испробувал хемиско оружје, ставот на Зекири е многу благ; Браво за настапот, поддршка и од нашата религија; Без гајле Мухамед Зекири имаш поддршка од толпи народ, наспроти идиотите кои го следат ЛГБТ; Поддршка од мене, нека не ги трујат децата овие од ЛГБТ; Треба да бидат преселени ЛГБТ на пуст остров и таму да се размножуваат; Ќе ги тепаме, нема место во нашата земја за луѓе против човечката природа – ова се само дел од навредите и заканите во коментарите со поддршка за потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, а насочени против ЛГБТ заедницата.

1

2

3

4

5

7 5 4 3 2 1 7