Дојде живот за Шилегов, се поднови со најновото Ауди А5 вредно 80.000 евра! (ФОТО)

Додека граѓаните чекаат СДСМ да почне да ги исполнува ветувањата кои на граѓаните им ги вети пред изборите, а од кога ја презема власта почна да ретерира за истите, како што е примерот со минималната и просечната плата. Додека граѓаните се уште го чекаат животот кој го ветуваше новата власт, за нивните функционери животот пристигна, Петре Шилегов се поднови со ново Ауди А5 вредно меѓу 75 и 85.000 евра, кое впрочем не е ни пријавено во анкетниот лист во Антикорупциска.

audi a5 shilegov

Инаку, додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, периодот кој во СДСМ милуваат да си го наречат режим, Шилегов со пријавена плата од 22.929 денари во својата адвокатска канцеларија, додека пак неговата сопруга во истата фирма беше пријавена на минималец т.е. на плата од 10.900 денари (информации за јануари 2014 година). Токму во овој период граѓаните и медиумите се прашуваа како Шилегов со таква плата успеал да се стекне со толкаво богатство.

audi a5 shilegov 2

Шилегов за кого немаше живот, во својот запишан имот има 4 стана и една куќа, која е на три ката, со големина од 313 метри квадратни, вредна 440 илјади евра, како и неколку луксузни автомобили, најголемиот дел од нив купени за време на владеењето на „режимот“ на ВМРО-ДПМНЕ.

kuka shilegov

Петре Шилегов во 2015 и 2016 се поднови со 3 нови стана, во вредност од 208.000 евра. Двата нови стана од 72 и 64 м2 фамилијата Шилегови ги купила во 2015 година и изнесуваат 160.000 евра, додека во 2016 година Шилегов сеподновил со уште еден стан од 68 м2 во вредност од 48.500 евра. За само две години усепале да купат три стана во вреднос од околу 208.000 евра.

staro audi shilegov

Покрај становите медиумите во времето додека Шилегов  мачно се бореше против „режимот“ открија за неговиот возен парк кој тој го имаше тогаш, а сега плус подновен со новото Ауди А5, кое инаку ја има цела можна опрема и претставува најскапиот автомобил на Шилегов, вреден помеѓу 75 или 85 илјади евра.

mercedes shilegov

Шилегов во својот возен парк има и уште еден автомобил Ауди и Мерцедес, кој го вози неговата сопруга, како и Сеат Леон кој тој му го купи како поклон на својот син, автомобил вреден околу 30.000 евра, кој исто како и новото Ауди А5, не е пријавено во анкетниот лист на пратеникот на СДСМ.

shilegov ivan seat leon

Граѓаните гласно коментираат дека најверојатно СДСМ пред изборите мислел дека ќе дојде живот за нивните функционери, а не за сите граѓани на оваа држава. Граѓаните бараат објаснување од пратеникот Шилегов, кој вчера гласаше против укинувањето на радиодифузната такса, работа која СДСМ ја вети во предизборната кампања, како за време на „режим“ тој успеал да стигне до толку големо богатство.