Алаѓозовски за Дедо Стефан: „Ми се превртуваа цревата од него, ама морав да се смешкам пред камери“

Анонимни извори од владата сведочат дека после средбата на Заев и министрите со Архиепископот г.г. Стефан и други високи лица од МПЦ, имало големо незадоволство од министерот за култура кој беше присутен на средбата.
ala
Информациите велат дека Алаѓозовски негодувал и пред да се одржи оваа среда, веднаш откако Заев побарал од него да биде присутен како човек од ресорот под чии ингеренции е културното наследство, но не коментирал гласно бидеќи не сакал да го разочарува Заев и да си го расипе мислењето кое Заев го има за него. Но затоа по ходниците и канцелариите кај своите соработници не го криел расположението кое го има за МПЦ и особено Архиепископот Стефан.
„Црева ми се превртуваа дури седев таму, не сум ги поднесувал никогаш, ама таква е функцијата, мора да се гледаш и со такви, да се смешкаш“ се доверил Алаѓозовски на своите соработници.
ala-1
Ваквите изјави ги дал за да се оправда за средбата со МПЦ како заколнат социјалдемократ кој никогаш не чувствувал врска со христијанството, велат нашите извори. Алаѓозовски секогаш сметал дека црквата е ретроградна, а тој како уметник далеку над тоа ниво. Затоа и косата ја носи со суканици кои се карактеристика на растафаријанците, луѓе кои веруваат во други божества и практикуваат други навики.
ala-3
Потврда за негативниот став на Алаѓозовски кон црквата се и твитовите кои ги пишувал пред да има поим дека еден ден ќе се бави со политика и уште повеќе – дека ќе стане министер. Па така, Алаѓозовски своевремено сметал дека ограбувањето на ТАТ и на заштедата на илјадници граѓани во времето на СДСМ на Црвенковски бил помала катастрофа од идејата за изградба на црква во БИтоола. Исто така тој во друг твит го едначи Архиепископот Стефан со сатаната, а во трет твит се подбива со целото христијанство и навиките за празниците Божиќ и Велигден.