Министерот Николовски во познат скопски локал направил скандал поради содржината на менито

ljupcho
Министерот за Земјоделие Љупчо Николовски пред неколку дена во познатиот локал „Лофт“ во Скопје каде е чест посетител направил мал скандал кој го забележале дел од гостите, а се затоа што во моментот во познатиот локал немало шкампи и јастог кои Николовски ги нарачал.
Иако келнерите прво, а потоа и менаџерот му се извиниле што во моментот не можеле да му ја достават нарачката бидејќи се погодило да ги немаат бараните јадења, Николовски кој бил со пријатели и под дејство на алкохол изреагирал бурно.
„Ме срамите пред пријателите, па како е можно да нема едни обични шкампи и јастог“, викнал пред присутните кои раскажуваат за оваа случка. „Знаете ли кој сум јас“ им викал на келнерите, „ќе видите кој сум, си играте играчки со Министер. Ако ме брукате мене ја брукате државата“ им порачал за крај Николовски на вработените во „Лофт“ пред да го напушти локалот.