Колумна на Мирка Велиновска: ИЛИНДЕН ПОД ФАШИСТИЧКА ОКУПАЦИЈА

Mirka-Velinovska-objasnuva

Како подготовка на овогодишното чествување на македонскиот државен и национален празник Илинден, во окупирана Македонија втрча американска војска (триста хуманоидни парчиња со едно чудо оружје и транспорт) за со војничка цокула на теренот, како впрочем секој ѕвер, да ја означи „својата“ територија. Таа е секогаш туѓа, грабната, присвоена од некој што има тапија врз неа. Нормално, тоа го знае секој окупатор. Затоа и има потреба да ја покаже својата сила пред домородниот сопственик, во случајов македонскиот народ.

Ваквите паради со радост ги следат нивните домицилни слуги, контрактори. Тоа се суштества без личен идентитет и човечки доблести како што се чест и достоинство. Јас ги викам шкопеници или евнуси. Таквите се секогаш слуги на оној што ги шкопел. Тие се самозалажуваат дека се политичка, црковна или интелектуална елита. Шкопеникот го мрази нормалниот народ, кој ги има сите одлики на родот на кој му припаѓа. Сите делови на телото му се на број и функционални, а мозокот му е слободен и во кондиција. Кога се гледа во огледало, си го гледа и ликот и душата и срцето. На себе ги препознава и цртите и карактериситиките на своите предци во континуитет. Го познава секој слој од кожата секоја своја маана. Шкопените ја немаат таа предност. Затоа, наместо да си признаат дека се фалични, си градат затворен свет во кој сите без мандало се сметаат за авангарда со агенда да го сотрат нормалното човештво така што ќе го обезличат, односно, ќе го втераат во нивната фарма на евнуси, кастрати.

Прво да констатирам дека пред цел македонски народ и пред цел свет нашиве кобајаги политичари се разгологазија неповратно. Грди и валкани се до тука бидува! Лажеа дека работат за Македонија и македонскиот народ. Работеле против неа и нас. Безбедносниот и институционалниот вакуум дадоа кротко да ни го пополнат американски и европски штакори, плус добрососедски агресори и негатори. Дозволија војската и полицијата, судството, економијата, здравството, образованието да ни ги раководат дегенерици, муфљузи, шламот, мафијата. Доживеавме две приватизации, која од која погадна.

Мене сега ме интересираат две работи: Зошто воопшто уште постои т.н. Шеф на државата и зошто уште дреме во претседателската палата и претседателската резиденција безидентитетен човек кога веќе нема работа за него. Нема држава и народ за да ги претставува, а агендата за пополнување на безбедносиот вакуум ја исполни. Имаме 300 американски маринци и снајперисти и никаква македонска армија. Имаме неспособни генерали како послуга на американските. „Волци“ и „Тигри“ во платенички окупаторски мисии, ама без срце да си го бранат домот и татковината. Тамам за двомилионска Македонија. Што работи уставниот суд и каков устав штити? Чии се тие уставни судии? Чија војска е АРМ? За што служи и кому служи? Чија е македонската полиција и полицајци? Синодот на МПЦ кого претставува? За кого бијат камбаниве бе сега, а? Постојат ли воопшто македонски политички партии? Кој воопшто членува во нив? Зошто не се во илегала или не повикаа на борба? Од кого и за што ќе бараат гласови, ако воопшто им даде шлакнатиот Бејли? Или ќе си штанцаат и полнат кутии на фингирани избори? За домашни слуги на окупаторот ли ние ќе плаќаме давачки? Ако Македонија не е под окупација, за кој андрак Скопје во пресрет на Илинден е под полициска опсада? Што кажува тоа?

Просто, кажува дека окупаторот и неговите домашни шкопени слуги умираат од страв од народот кој не е под нивна контрола. Така е од кога е светот и векот. Стравот на слабаците се манифестира со парада на насилството. Кукавицата се крие зад насилникот и насилството. Убавото во сето ова е што и тие и ние го знаеме крајот. Секоја окупација има рок на траење и завршува со борба за слобода со однапред познат резултат. Победа на окупираниот и поробениот. Бежанија на окупаторот и слугите му. Патем, оној кастрат од Грузија, Шаакашвили, го испудија од САД, сега му го одзедоа државјанството и украинските црпковци. Шаакашвили стана штакор мигрант, кој бара нов господар што ќе го најми. Отпад кој не е погоден за рециклажа! Оваа е судбината и на неговите колеги од „Виши“ групировката на Црпко и Рада.

Лани на 2-ри август ја одгледавме „ладната проба“ на овогодишново илинденско празнување. МРТВ за првпат немаше директен пренос од свеченостите на светите за Македонецот места. Немаше бесплатни автобуси за собирање на публика. Оти, отчетот на врвните политички функционери беше срамен по дејство, па секој со малку достоинство и самопочит не сакаше да е присутен на фингерајка. И тие тоа добро го знаеа. Само си мислеа дека народот тоа ако не го гледа, нема да го знае. Шкопени шутраци!

Годинава, по фотографирањето на американската окупаторска војска пред триумфалната капија, по одржаната смотра на припадниците на бившата АРМ пред квислингот Радмила Шеќеринска и шефот на евнусите, нашиот Чембрлен, Црпко Заев, во отсуство на делегитимизираниот врховен командант (забравам му името), а во нападно ем вулгарно присуство на манијакот и наци-самодржец Џес Бејли, очекуваме во Крушево, на Мечкин камен и во Свети Спас, протоколарно јавно мочање врз илинденските светилишта од страна на вандалите: Учката и балист Џафери ќе блуе на Мечкин камен, Вулгарот (изворно име на денешниве словенизирани Бугари по племето Вулгари кое како придружба слугинска освојуваше и пљачкаше со Монголите, Татарите и Османлиите) и фашист Бојко Борисов со муртинскиот безр’бетен кастрат Црпко и дворот на шарените СДС трансџендери ќе му аплаудираат, а фирерот „ас сакинг“ Бејли ќе ги гледа од високо.

По рамковниот, мајскиот, пржинскиот, великоалбанскиот и бугарскиот договор, тој може да каже како Клинтонка: ДОЈДОВ ГИ КАСТРИРАВ, УБИЕНИ СЕ.

Ние, народот на Македонија, Македонците пред се’, се срамиме од домашните соработници на евроатланскиот фашистичко – цијашки окупатор. Долговите што ги прават сега во наше име, преку окупираните институции и секакво насилие, не ги признаваме и ќе ги наплатиме со дебели казненни камати. Иако, цела идна генерација по нас ќе треба да ги чисти и дератизира испоганетите паметници и деградираната македонска земја натопена со крвта на генерации, жртвата ќе биде неопходна. Оти лајнари ни го уништија кредибилитетот, не направија народ за мајтап, ни го испоганија образот. Нема да им заборавиме и простиме! Никогаш! А, ќе одиме на избори за уставотворно Собрание! Запаметете, оти тоа ќе ни биде приоритет агенда. Македонци! Не чека асиметрична борба со домашни штакори и странски окупатор! Бидете рационални, сконцентрирани, прибрани и решителни! Ние ги знаеме нив, а тие не не’ познаваат нас (тука се крие стратегијата и тактиките).

Пишува: Мирка Велиновска