Игор Лештар, сопственик на Сивус, Макфакс и Грид: „На СДС им дадов милион евра за кампања, да имав уште ќе им дадев повеќе“

Сопственикот на компанијата Сивус и порталите Макфакс и Грид, Игор Лештар, во една скопска кафана се фалел пред присутните на неговата маса за парите кои им ги дал на СДСМ и Заев во кампањата за парламентарните избори во 2016-та.

„Им дадов милион евра на СДСМ, да имав повеќе и повеќе ќе дадев“ се фалел Лештар пред своите пријатели, видно расположени после неколку тури.

Неколку месеци после изборите Лештар кој дотогаш беше сопственик на Макфакс, го купи порталот Грид.мк, Макфакс доби грантови, редизајн и голема нова екипа со високи плати, а се зборува дека пазарел уште неколку портали.

Макфакс евидентно е вклучен во соросовата мрежа на портали кои ќе се про-СДСМ, а сега е јасно и зошто, коментираат нашите извори. Прашање е дали институциите ќе ги истражат овие сомнежи, ќе ги најдат парите кои Лештар им ги дал на СДСМ и ќе поведат истрага за нивното потекло, за финансирањето и работата на медиумите во негова сопственост, како и за начините на финансирање на СДСМ.