СДСМ планира фалсификат на локалните избори со помош на партиската полиција и криминалци од соседството

muhi-1

Заев свесен и соочен со слабиот рејтинг на партијата, особено по авантурата со тиранската платформа и прифаќањето на штетниот договор со Бугарија, единствен спас за подобар резултат на претстојните локални избори гледал во злоупотребување на МВР, кое интензивно се партизира од страна на Оливер Спасовски и мафијашкото подземје од Македонија и Косово, кое треба да го активира Мухамед Зекири. Целта е полнење на кутии, заплашување на гласачи и операција која Заев ја држел во тајност, а вели му ја подготвувале од надвор.

Кругови блиски до врвот на СДСМ веќе брифираат дека Заев  е спремен на се, само за да извлече подобар резултат на локалните избори. Токму затоа Мухамед Зекири веќе добил задача да ги подготви мафијашките семејства во Македонија и криминалните кланови од Косово, кои треба да бидат под негова директна команда.

dva

На големо се пишуваше во медиумите, а и јавноста веќе се погласно зборува и за начинот на кој СДСМ освои толкав број на гласови на последните парламентарни избори, потпомогнати од криминални структури од Македонија и регионот, но и големи количини на пари во кеш, кои биле делени особено во средините во Западна Македонија каде има поголемо муслиманско население, од страна на оџите во џамиите, акција која била прикривана од страна на полицијата под контрола на Оливер Спасовски.

Слична шема за соработка помеѓу криминалците и криминално-партизираните структури во МВР  под контрола на СДСМ се подготвува и за следните локални избори.

Медиумите пишуваа како била организирана целата акција со криминалоното подземје, имено Мухамед Зекири ги подготвил и организирал Халит Љури, Самиај Ремзи  – Мија, Шити Нусрет, Шити Емин и Бурим Виља, лица со дебели криминални досиеја припадници на криминални и терористички групации и предизвикувачи на повеќе изборни инциденти во повеќе изборни циклуси во Македонија, за разни нелегални акции поврзани со изборите. Зекири добил наредба од Заев истите лица повторно да ги активира и во пресрет на локалните избори.

За дел од познатите криминалци блиски до Зекири пишуваше и порталот „Република“ , во текстот под наслов „Косовски криминалци во придружба на Мухамед Зекири на посета кај Зијадин Села“ во кој беа објавени фотографии од познатите криминалци, браќата Геци од Косово, дел од браќата Геци се  прогласени за виновни за воено злосторство против цивилното население, а остатокот се лица исто така со богати криминални досиеја. Браќата Геци заедно со Зекири беа во посета на Зијадин Села, по настаните во Собранието во април годинава.

tri

Сепак владеел голем страв и сомнеж и кај Заев лично и кај блиските до него во партијата дека акцијата нема да им успее, поради се поголемата поддршка на граѓаните на ВМРО-ДПМНЕ и погрешните и погубни чекори што СДСМ  ги има презедено против државата и нејзините интереси.