Еве го планот на СДСМ за изборен фалсификат: Со партиска полиција, поткуп, ветувања, мафијашко подземје и уцени до нови 40.000 гласови

muhi-1

Се повеќе и повеќе се зборува за планот на СДСМ за фалсификатот кој го подготвуваат за локалните избори. Тој има неколку столбови преку кои планот е СДСМ да дојде до 40.000 гласови повеќе од 436-те илјади со кои го освои второто место на парламентарните избори во Македонија.

Во моментов за СДСМ е врвен приоритет да има што повеќе гласови за да може да каже дека граѓаните ги поддржуваат нивните политики, договри со Бугарија, спроведување на Тиранската платформа и најавата за промена на името како предуслов за влез во НАТО.

Во СДСМ знаат дека рејтингот им опаѓа поради јавното негодување кое е се погласно и погласно и за штетните политики во врска со националните интереси, но и поради се поочигледната неспособност и непрофесионалност кои резултираа со хаос.

Хаос во справување со пожарите, со незаконските вработувања и смени на директори, па повлекувања на одлуки, назначување лица осудени за поткуп на раководни позиции… Сето ова ќе влијае на рејтингот на СДСМ и затоа сакаат по секоја цена да притиснат што е можно повеќе луѓе за ВМРО-ДПМНЕ да не прогласи голема победа и да бара предвремени парламентарни избори.

Токму со пресметката дека 40.000 гласови ќе ги добие на сила со уцени и поткуп, СДСМ и му дозволи на Талат Џафери да распише локални избори, а еве и каков е целиот план:

Малите етнички заедници ќе бидат притискани од партиската полиција, уценети и под закана дека ако не гласаат за СДСМ ќе имаат проблеми со МВР. Преку Труд и Социјала ќе се дели социјална помош повторно со уцена дека ако не гласаат корисниците за СДСМ истата ќе им биде укината или многу месеци ќе чекаат за нејзина исплата во кои нема да имаат како да преживеат.

Тука се и ветувањата по кои е познат Заев – за парламентарните избори се појавија информации дека едно министерско место го ветувал на 15 луѓе. Така ќе биде и сега. Многу важен елемент е и поткупот кој е движечка сила на СДСМ – проценките се дека тешки милиони беа употребени во овие цели и за време на изборите, но партиското МВР на Оливер Спасовски координирано со Заев ги штитеше лицата кои вршат поткуп претежно во посиромашните средини.

Има информации и за пари кои доаѓаат од исламските земји, а кои служат за директно купување гласови во средините во кои доминира албанското малцинство, а во акцијата за нивно врбување кое резултираше со 70.000 гласови за СДСМ на парламентарните избори, се вклучени и верски организации и лидери, невладни и најважно лица од подземјето. Токму затоа Мухамед Зекири веќе добил задача да ги подготви мафијашките семејства во Македонија и криминалните кланови од Косово, кои треба да бидат под негова директна команда.

Медиумите пишуваа како била организирана целата акција со криминалоното подземје, имено Мухамед Зекири ги подготвил и организирал Халит Љури, Самиај Ремзи – Мија, Шити Нусрет, Шити Емин и Бурим Виља, лица со дебели криминални досиеја припадници на криминални и терористички групации и предизвикувачи на повеќе изборни инциденти во повеќе изборни циклуси во Македонија, за разни нелегални акции поврзани со изборите. Зекири добил наредба од Заев истите лица повторно да ги активира и во пресрет на локалните избори.

За дел од познатите криминалци блиски до Зекири пишуваше и порталот „Република“ , во текстот под наслов „Косовски криминалци во придружба на Мухамед Зекири на посета кај Зијадин Села“ во кој беа објавени фотографии од познатите криминалци, браќата Геци од Косово, дел од браќата Геци се прогласени за виновни за воено злосторство против цивилното население, а остатокот се лица исто така со богати криминални досиеја. Браќата Геци заедно со Зекири беа во посета на Зијадин Села, по настаните во Собранието во април годинава.

Но и покрај сите овие планови и сценарија кои се разработуваат, не може да се сокрие и големиот страв во раководството на СДСМ дека сепак расположението во јавноста е се поголемо во насока на казнување на СДСМ за неспособноста и штетните антидржавни политики. И најголемите оптимисти во кланот на Заев се свесни дека дури и да им успее обидот за изборен фалсификат, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи бидејќи граѓаните се се повеќе свесни дека Заев не само што ги лажеше, туку започна и да го спроведува сето она на што ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше. И Заев и СДСМ знаат дека во Македонија живее свесен народ кој нема да дозволи распродажба на државата. Но бегање од локалните немаше како да се случи, па затоа СДСМ со сите сили ќе се обиде да ги фалсификува.