Колку чини предавството (ПРОДОЛЖЕНИЕ): 20-те милиони за Заев биле собрани преку продажба на бугарски пасоши на македонски граѓани 

doma

Како што ја информиравме јавноста во минатиот период, Зоран Заев на два пати добивал поткуп од по 10 милиони евра за да биде потпишан Добрососедскиот договор со соседна Бугарија, во посредство на претседателот на Бугарскиот културен клуб, Лазар Младенов. Меѓутоа приказната не завршува тука.

Журнал дознава дека лицето Лазар Младенов кое се јавува како посредник во поткупот на Заев, и важи за човек кој јавно не ја признава македонската држава ниту македонскиот народ, е и лице кое работи за Бугарската тајна служба ДАНС и впрочем целата негова задача била потпишување на ваков штетен договор, кој би бил против македонските интереси.

Негова клучна задача во целата шема била да се соберат што поголем број на средства за подмитување на политичари кои ќе ја проследат бугарската агенда. За овој договор, кој повеќе личи на втор Сан Стефански отколку добрососедски и пред се за добра пара, се нафати Зоран Заев, личниот „пријател“ или подобро кажано, бизнис партнер на Каракачанов.

doma-2

Според последните сознанија, голем дел од тие 20 милиони евра кои Заев ги добил како награда од страна на Каракачанов, биле „сработени“ од Лазар Младенов. Имено, овој човек, преку Бугарскиот културен клуб посредувал за издавање на бугарски пасоши за македонски државјани, при што им било наплаќано од 200, па се до 500 евра, во зависност од брзината на издавањето на истиот.

Доколку се знае фактот дека луѓе од цела Македонија доаѓаат во Струмица токму за вадење на Бугарски пасош (оваа бројка достигнува и до стотина дневно понекогаш), излегува дека сепак Бугарија не го финансирала овој договор, туку тоа го направиле македонските граѓани.

За работите да бидат појасни, порталот Афера.бг имаше објавено статија, која подоцна е забранета по барање на Каракачанов, во врска со приговорот до бугарската Централна изборна комисија, во која се констатира нелегално продавање на бугарски пасоши во Македонија, во висина од 28 милиони евра.Голем дел од овие средства биле користени од страна на Каракачанов за предизборни дејствија, меѓу кои и финансирањето на „Добрососедскиот“ црн договор со Бугарија.

doma-1

Сопственикот на овој портал е уапсен, а според коментарите на лицата кои го прочитале известувањето на ЦИК во врска со продажбата на бугарски државјанства во Македонија, се повеќе наликува на одредбите во „Добрососедскиот“, кои предвидуваат цензура за евентуалните коментари на македонските медиуми кон Бугарија.

За потсетување, информациите велат дека Зоран Заев преку Бугарскиот клуб добива 10 милиони евра капар пред изборите и уште 10 милиони евра по потпишувањето на „Добрососедскиот“ договор со Бугарија. Првата рата од овие средства ги добиваат Младенов и Заев, при Заевата посета на Бугарија пред изборите, која очигледно не била за добрососедство.

Втората рата му е исплатена на Заев лично од Каракачанов, исто како и првата, за време на посетата на истиот на Македонија, за време на големиот македонски празник Илинден.

За возврат покрај наградата која за посредување ја добил Лазар Младенов, Зоран Заев ја вработува неговата ќерка Љубица Младенова Митева како директор во Здравствениот дом во Струмица, со завршен факултет по психологија, иако за тоа место е потребно да биде Доктор, по систематизацијата на институцијата. Исто така, Зоран Заев го вработува и синот на Лазар Младенов, Иван Младенов, како архитект во Секторот за урбанизам во Струмица.