Тричковски имал досие на психијатрија во Бардовци, неодамна престанал да користи тешка терапија која го држела под контрола

Фејсбук активистот и новинар на СДСМ Бранко Тричковски имал досие во психијатриската болница во Бардовци каде бил примен со тешки психички растројства пред неколку години, дознава Журнал.
На Тричковски му била препишана тешка терапија, за која оние кои го познаваат се сомневаат дека прекинал да ја користи, поради што се почесто во изминатиот период има испади на непресметливост.
-Тој не е злобен човек, го паметите сите дека беше нормален солиден новинар, но имаше одредени проблеми кои го доведоа до нивото на нервно растројување и последиците се забележливи и денес, вели негов поранешен близок соработник кој бараше да остане анонимен.
-Ова што сега го пишува, дека сака да убива луѓе, да се тркалаат глави на вмровци, дека сите вмровци и патриоти треба да бидат обесени или запалени… тоа не мислам дека навистина го зборува Тричковски, туку оној другиот во него за кого ете, ни во Бардовци нема лек, додава соработникот.
Во неговото маало зборуваат дека неколку пати во доцни вечерни часови знаел да вика гласно по улица, да се соблече речиси целосно гол и да шета по влезови и да се мачка по телото и да пишува разни неповрзани зборови врз себе со кафеава течност.
Соседите често повикувале прва помош и полиција и на неколку пати Тричковски го немало по 7-10 дена, после што веројатно надлежните го испуштале од болница и го враќале дома со назнака задолжително да ја пие терапијата која треба колку што е можно да го држи под контрола.