Жестоки расправии во МВР: Спасовски барал сите да заборават на пукањето во Струмица бидејќи началникот на СВР Струмица бил клучен за изборниот фалсфикат кој се подготвува

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски барал од сите сектори да не се дефокусираат поради инцидентот во Струмица и барањето за одговорност од началникот на СВР Струмица, и да продолжат со смислување стратегија како да се настапи во јавноста за да се промовираат тројазичните унформи на полицијата.

Спасовски жестоко реагирал откако дел од неговите соработници посочиле дека началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски мора да поднесе оставка откако негов полицаец застрела две малолетни невооружени деца со огнено оружје. Според Спасовски, кој одржал говор пред вработените со цел да релативизира, сето тоа околу инцидентот можело и требало да биде игнорирано бидејќи Пројковски бил на самиот почеток на кариерата како началник на СВР Сртумица и не било во ред да не му се даде шанса и да му се прости еден ваков мал пропуст.

Наместо да се губи време и енергија на таа работа, Спасовски ветил дека лично ќе се погрижи за струмичкиот инцидент да не се повтори и дека ќе гарантира за Пројковски, а за сметка на тоа сите сектори во МВР мора да се посветат на приказната која треба да се продаде меѓу граѓаните за тројазичните униформи според законот за двојазична Македонија. Спасовски инсистирал дека тоа е многу поважно за иднината на земјата водена од СДСМ.

Во полицијата ознаките се веќе на два јазици, македонски и англиски, а сега тиранската коалиција бара и трет јазик – албанскиот. Иако многу од вработените во МВР биле против, Спасовски им рекол дека целата коалиција им зависи од законот за двојазичност и дека секоја цена мора да се плати за да бидат на власт и да ги имаат сите привилегии кои ги имаат во моментов.

„Рече да го заборавиме инцидентот во Струмица, како да не постои, да не ги читаме порталите кои пишуваат за него, и сите да размислуваме како граѓаните да ги убедиме дека животот ќе им е подобар и е во нивна корист полицијата да има униформи на албански јазик“, ни соопшти анонимен извор од МВР.

Низ ходниците се зборувало дека неофицијално, Заев му наредил на Спасовски по секоја цена да го заштити началникот на СВР Струмица затоа што е татко на еден од телохранителите на Заев и затоа што е еден од најважните играчи во фалсификатот за изборите кој СДСМ го планира на целата територија.

Информациите од подземјето велат дека преку полицијата, мафијашкото подземје од Косово и директниот поткуп на гласачи ќе се направи обид за фалсификување на 40.000 гласови на локалните избори во октомври, а Пројковски е еден од луѓето од доверба и клучните во оваа операција во источниот регион на државата.