ОЛИВЕР СИ УЖИВА ВО СВ.НАУМ: Додека малиот Д.Т. лежи на КАРИЛ во критична состојба, Спасовски со тајфа музика си ужива на Дрим!

Додека малиот  Д.Т. лежи на интензивна нега, приклучен на апарати кои го одржуват во живот, првиот виновник за неговата состојба министерот на СДСМ во МВР, Оливер Спасовски, кој го поставил полицаецот кој пукаше без очигледна причина си ужива во Св.Наум на сплав.

Spasovski-Sv-Naum

Оливер Спасовски, виновникот поради кој малиот Д.Т. денес лежи на интензивна нега, приклучен на респираторна машина и апарти кои го одржуваат во живот, додека неговите родители се на печалба во Словенија, денес наместо да превземе одговорност за трагедијата која ја предизвика полицаец поставен од негова страна, реши дека треба да си ужива во Св.Наум, пишува Инфомакс.

Според информациите кои ги добивме од терен, Оливер Спасовски го ангажирал половина МВР да го обезбедува, затворајќи го туристичкиот комплекс Св.Наум, каде патем туристите плаќаат за влез, за тој да може да плови на сплав со неговата тајфа.

Како што може да се забележи од фотографиите, Оливер Спасовски со гласна музика во живо, со неколку келнери си ужива во Св.Наум.

Полицијата на Спасовски незаконски пука на деца, кривична за обид за убиство

Полицијата под водство на министерот Оливер Спасовски и незаконски поставениот началник на СВР Струмица Танчо Пројковски, спротивно на законот пука кон деца.

Внатрешната контрола утврдила дека полицискиот службеник од Струмица неосновано, неоправдано и неправилно употребил средство за присилба- огнено оружје врз 16 и 17 годишните деца од Радовиш, за што му е поднесена кривична пријава за „убиство во обид“.

Ранети две деца, а Спасовски и Заев го штитат началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски чиј син е бодигард на Заев

Полициски службеник со службениот пиштол пукаше и повреди двајца малолетници во Струмица, а министерот Оливер Спасовски го штити началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски и не бара никаква одговорност. Во заштита очигледно се става и Зоран Заев бидејќи синот на началникот Пројковски, Даниел Пројковски е еден од првите луѓе во неговото обезбедување.

Од она што веќе е познато полицаецот пукал кон две деца на возраст од 16 и 17 години. Едното момче е погодено во градниот кош и се наоѓа на КАРИЛ, а другото во нога и во струмичката болница му бил извршен оперативен зафат.

До инцидентот дошло кога екипи од СВР Струмица се обиделе да го сопрат возилото во кое биле двајцата малолетници, а за кои претходно било пријавено дека се обиделе да извршат кражба на чамец во близина на браната Мантово. Малолетниците на два пати ја избегнале полициската патрола и не застанале, а потоа биле пресретнати од друго полициско возило на споредниот пат кај Градската капела.

При обидот да се приведат осомничените, полицискиот службеник употребил огнено оружје при што биле повредени двете деца.

Ѓорѓиевски: Спасовски правеше спектакл од неиспран автомобил, а сега се крие и молчи за случајот со застреланите деца во Струмица

Ова е местото каде што Оливер Спасовски го направи најсрамниот прес во историјата на македонската полиција. Викаше десетици медиуми под контрола на СДС и Сорос само да се пофали дека Мерцедесот во кој се возат Заев и неговите гости не го испрал две недели. Спасовски правеше спектакл од неиспран автомобил, а сега се крие и го нема да изусти барем збор на сочувство за двете деца кои беа застрелани заради непрофесионалноста и неспособноста на неговата партиска полиција, изјави денес од пред Министерството за внатрешни работи Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-16 годишно момче уште се бори за живот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, а Оливер Спасовски се крие и не одговара на барањата за смена на началникот Трајанчо Пројковски одговорен за полицијата која скандалозно пукаше во деца. Ова е најдобар показател за лицемерието и животот што го најавуваше Заев. Поважен му е мерцедесот, отколку два животи на две деца, застрелани токму заради неодговорното и непрофесионално работење на нивните партиски кадри, истакнува Ѓорѓиевски.

Тој вели дека Оливер Спасовски и МВР два дена молчат за пукањето врз две малолетни деца во Струмица. Граѓаните очекуваат санкции и крај на полициската бруталност.

-Младо момче на 16 годишна возраст се бори за живот, а второто се опоравува по извршената хируршка интервенција и се уште е на лекување во струмичката болница. Кога СДС е на власт и управува со МВР, криминалот зема замав, а страдаат граѓаните. Сведоци сме на непрофесионалност и наместо заштита безбедноста и јавниот ред и мир имаме случај во кој полицаец застрела малолетници. Оливер Спасовски наместо да излезе и соопшти детали и да искаже жалење, молчи со надеж дека ќе си го заштити партискиот началник, макар убиле и 5 деца. Не е само министерот, тука е и новиот директор на БЈБ Лазе Велковски кој исто така молчи, истакнува тој.

Ѓорѓиевски вели дека се работи за случај во кој има два млади животи, а челниците во МВР се однесуваат како нивниот живот да нема вредност.

-ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека заради неспособноста, СДС ќе го пренесе хаосот во институциите. Тој хаос во полицијата загрозува животи. Тоа е директна вина на СДС со нивните кадровски политики во МВР, разрешувањето на докажани професионалци и на нивно место назначување на партиски кадри кои со нивното раководење во службите сериозно ги загрозуваат мирот и безбедноста. Првите жртви на полицијата предвидена од оваа неспособна и неодговорна Влада се два млади животи. Оливер Спасовски мора веднаш да го смени началникот на струмичката полиција. Полициското насилие кое е одлика на претходните владеења на СДС не смее повторно да стане пракса. Заев е решен на целосна партизација на МВР. Оваа беззаконие на партиските шерифи на СДС во МВР им праќа сигнал дека може да пукаат и убиваат без да бидат казнети. Впрочем Заев го унапреди полицаецот кој внесе оружје во Собранието и пукаше кон граѓаните по негова наредба, посочи Ѓорѓиевски.

Хаосот што се создава во безбедносниот сектор, вели тој, е последица на 500-те решенија кои ги поделија Спасовски и останатите функционери за да направат полиција во служба на СДС, а не на граѓаните.

Последиците се сериозни и далекусежни. СДС и сите прекршители на законите треба да знаат дека по враќањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат санкционирани, а сите одлуки донесени од СДС ќе бидат ревидирани и исправени. Со враќањето на правната држава и демократијата во Република Македонија сите криминалци и прекршители на законот ќе одговараат. Сите од прв до последен! За криминалите и антидржавните дејствија кон државата и нејзините граѓани мора да има соодветни санкции, нагласи Ѓорѓиевски во изјавата дадена пред МВР.