Вистината за мигрантите раскажана од војник на АРМ: Мигрантите не каменуваа и напаѓаа во акција коордиирана од странци

Migranti-vs-ARM

Деновиве во медиумите е доста актуелна темата за изградба на станови за сместување на мигранти и бегалци во Македонија. Скоро 2 години како припадник на АРМ од почетокот на мигрантската криза во повеќе наврати бев присутен како подршка на македонската полиција и сите останати надлежни служби на јужната граница.

Нашата задача не беше нималку лесна. Секојдневно во текот на целото лето гледавме како десетици илјади луѓе доаѓаа од правец на Грција со цел да влезат во нашата земја. Сите тие луѓе бегаа од воените судири од Сирија, Ирак, Авганистан но и во потрага по подобар живот од Пакистан, Иран, Северна Африка и од каде се не. Дел од нив соработуваа со нас со цел да бидат пренесени до кампот кај плантажите на Винојуг но и значаен дел од нив беа дрски и агресивни кон нас припадниците на безбедносните органи.

Додека извршувавме задачи за обезбедување на границата и контрола на оргадата која ја поставивме во најбрз можен рок есента видовме скоро еден милион луѓе кои поминаа низ нашата земја. Заедно со колегите од безбедносните служби идентификувавме лица кои беа дезертери од двете страни на завојуваните страни во Сирија. За жал низ нашата територија кон Европа заминале и лица кои подоцна во Франција извршија и терористички напади. Иако од поодамна ситуацијата е ставена во контрола и заедно и со колегите од полициите од повеќе европски земји сме присутни на ротации доле на јужната граница, во сеќавање ќе ми останат 3 случки кои доколку излегоа од контрола можеше да предизвикаат негативни последици по нашата земја.

Првата беше кога поголема група на странци од меѓународни организации и амбасадори во попладневните часови пристигнаа на граничната линија со Грција во деновите кога се донесе одлуката да се затвори рутата и веќе имавме поставено и железна капија на пругата на камен 59. Тие од полицијата и од сите присутни таму бараа капијата и оградата да се тргнат бидејќи сме го попречувале движењето на мигрантите иако на тоа сме немале право. Откако увидоа дека не можеме да постапиме согласно нивните барања бидејќи донесена е меѓудржавна одлука за истото тие се повлекоа кон кампот Винојуг и си заминаа.

Вториот настан беше некаде на почетокот на март кога повеќе од 2000 мигранти тргнаа истовремено кон нашата граница за да ја отворат истата за непречен проток иако сите граници на север од нас веќе беа затворени за неконтролирано преминување. Откако добивме информации дека групата од мигранти се наоѓа веќе кај селото Хамилу во близина на нашата граница бевме свесни дека нема да сме во можност да ги одвратиме во намерата и затоа беше решено истите во селото Моин по нивното влегување на македонска страна да бидат прифатени, по потреба идентифкувани и вратени назад во Грција.

Она што по доаѓањето на групата го видовме беше контролираниот и дисциплиниран пристап на една група од странци кои ги водеа мигрантите на патот кон Македонија, а кои се претставуваа како слободни новинари, фото репортери или волонтери. Сите тие ги убедуваа мигрантите дека границите се отворени и само Македонија е таа која за затворила границата за нив. По нашето екипирање сите мигранти беа вратени во Грција. За жал дел од луѓето кои се одвоија од групата во близина на Гевгелија се удавија во надојдените води на Коњска Река.

Истата сторија дека границата е отворена во сите земји освен во Македонија им беше наметната на мигрантите и на почетокот на април минатата година кога повеќе од 5000 луѓе насилно се обидоа да влезат во Македонија. Се сеќавам дека беше сабота и до нас доаѓаа гласини од кампот Идомени дека во недела ќе има голем протест по што мигрантите ќе тргнат кон Македонија. Во попладневните часови веќе беа тргнати шаторите на оние мигранти покрај самата пруга и гранична линија и беше јасно дека со тоа се прави простор за нивно тргање према нас. Дополниелно по социјалните мрежи веќе проструи информацијата за рачно изработените плакати за најавениот протест утредента кои биле објавени во кампот Идомени. Вечерта од она што го гледавме од нашата страна е дека беше тивко и мирно но утрината веќе сликата беше поинаква.

Најпрво пристигнаа лица и мажи и жени кои не беа мигранти, а кои комуницираа на англиски и шпански јазик меѓусебно. Истите се качија на дрвата од другата страна на границата и меѓусебе комуницираа по радиоврски. После нив дојдоа и бројни новинарски екипи од другата страна на границата од кои една од екипите носеше и дрон со камера. По првичното барање да разговараат со преставници на македонските институции кои им објаснија дека сите граници на север од Македонија се затворени и дека неможат да ги пропуштат истите се повлекоа назад. За кратко се прегрупираа и ги долж оградата жените и децата, а од најагресивните мигранти веќе започна каменувањето кон нас и полицијаците кои веќе беа пристигнати од Скопје поради најавата дека ќе има денеска инциденти. Веднаш по каменувањето врз нас лицата тргнаа на поголем размер кон граничната ограда се со цел да ги ослабат нашите позиции кои беа концентрирани на простор лево и десно од камен 59 односно од пругата. Во налетот кон нас освен со камења, мигрантите користеа и пластични контејнери за отпад но и поголеми контејнери со метални прачки кои ги користеа за да се приближат до оградата.

По доаѓањето до оградата мигрантите користеа кебиња за да ги покријат бриновите елементи од оградата, бодликавиот дел поставен горе и доле од оградата. Во целиот хаос повеќе од 500 мигранти ја пробија нашата граница и влегоа на македонска територија повторно изразувајќи агресија кон нас. Откако околу 12 часот ситуацијата полека влезе под контрола и мигрантите кои влегоа на наша страна беа вратени назад, дел од лицата кои не беа мигранти , а кои ги поттикнуваа да се судрат со нас се симнаа од дрвата. Дел од грчките новинарските екипи им побараа изјави да кажат кои се и зошто го прават ова но тие одбија воопшто да бидат снимани.  После овој неупешен обид ситуацијата до ден денес е мирна и стабилна иако секојдневно има по десетина обиди за илегално преминување на границата.

Во кусите конверзации со дел од лицата кои мигрираа можевме да забележиме најразлични профили на луѓе кои решиле да го напуштат својот дом по подобар живот. Најголем дел од сите нив имаа некоректен однос кон нас само затоа што сме застанале на нивниот пат. Беа убедени дека токму на нив им следува непреикосновено право на живот во Германија, Австрија, Шведска, Норвешка исто како што ние бевме дожни како држава неприкосновено да ги оставиме да продолжат но истовремено и да им пружиме помош. Речиси сите во хор не лажеа за нивните имиња, возраст, земја на потекло, лажеа и за возраста на нивните деца, за изгубените патни исправи и лични документи и за тоа дека не разбираат ниту збор англиски кога им се обраќавме.

Не сакам да навлезам во ниту една политичка битка од она што е актуелно деновиве но барам од Македонија да ги земе во предвид сите сигурносни околности ако донесеме одлука за трајно сместување на мигранти од Блискиот Исток и Африка во Македонија.

Извор: Денешен весник