Детската клиника во Козле доби директор со купена диплома кој бил избркан од Медицински факултет во Скопје

Според инсајдертски информации од Медицинскиот факултет новиот директор на Инситутот за белодробни заболувања кај децата во Козле, Ангелчо Андоновски бил избркан од студии на Мединцинскиот факултет во Скопје поради фалсификувана оценка по патофиза.

За фалсификуваната оценка на Андоновски сведоци велат дека постои и записник на Медицинскиот факултет, а за случајот се расчуло откако постоеле огромни притисоци за уништување на документацијата со која се потврдува фалсификатот кој го направил Андоновски. Откако неговите студии во Скопје завршиле неславно тој решава да купи диплома од Бугарија и специјализира само 15 дена пред да ја добие директорската позиција на детската болница во Козле.

Во изминатиов период јавноста сведочи за голем број партиски назначувања на директори во здравството и назначување на корумпирани лекари за директори на инситуции. Меѓу назначените директори имаше луѓе со криминални досиеа поради земање мито од пациенти имаше голем број на партиски послушници како и случаи на непотизам со кои се воспоставуваат фамилијарни кланови во здравството како фамилијата Пановски во која таткото фармацевт ќе и продава лекови на ќерката директор на ЈЗУ УК Хематологија.

Последен во низата кадровски грешки на Таравари е и Ангелчо Андоновски кој специјализирал само пред неколку недели и ќе треба да се грижи за нај ранливата категорија пациенти, децата.

Ангелчо Андоновски ја добива директорската позиција како заслуга за плукањето по министерот Тодоров и здравството за време на на шарената револуција, а не својата професионалност. Тој на својот фејсбук профил го одработи својот маркетинг во корист на СДСМ и како награда ја доби директорската позиција во Козле.

По смрта на девојче во амбулантно возило кое го пренесувало од Гостивар во Скопје, епидемијата на хеморалгична треска, смрта на млада девојка од слепо црево поради погрешна дијагноза како и 46 годишен затвореник кој почина на скопската клиника во неразјаснети околности, министерот Таравари продолжува со смена на квалитетни професионални кадри со партиски војници. Додека во здравството владе тотален хаос Таравари неможе да се одлучи дали е на одмор или на работно лето во Скопје.