ШИПОВИЌ ОБЈАВИ ДОКУМЕНТ: Жерновски лаже, со пари од општина Центар бил да гледа фудбал во Франција

Претседателот на Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ, овие денови го разоткрива расипничкото однесување на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски. Градоначалникот на Центар, во текот на неговото четиригодишно владеење со општината со пари на центарци си шетал низ Европа и посетувал фудбалски натпревари, пишува порталот Денешен.

Тој кажа дека градоначаникот лаже дека бил на приватно патување, а излегоа сметки дека тоа го платила општината.

Градоначалникот ЛАЖЕ, на прашање на советник ИЗЛАЖА дека бил приватно во Франција а излегоа сметки за пат и престој кои ги платила Општината, лаже и дека со мене нема односи од моментот кога ме намести, Тој почна од првиот ден апсолутистички ( Груевистички ) да се понаша во Општината и од првиот момент немаме добри односи. Наместо да соработува со советниците за доброто на граѓаните тој соработува со луѓе вон Општината за свое добро, пишана Фејсбук Шиповиќ.

Шиповиќ и претходно на Фејсбук на Фејсбук откри дека Жерновски си плаќал службени патувања, за кои не побарал дозвола и не поднел извештај за целите на службеното патување, обвини Шиповиќ

-Забележливо е дека градоначалникот Андреј Жерновски си се шетал по Париз на сметка на Општината, а притоа од никого не побарал дозвола за тоа, ниту пак поднел извештај за службеното патување, пишува Шиповиќ. Секој што службено патува знае дека за да се изведе службено патување треба одлука Управен одбор(во нашиот случај Совет на општината) и потоа на истиот орган му се поднесува извештај за остварените цели и задачи на службеното патување.

На крај во статусот Шиповиќ прашува: „А лани нели имаше некој фудбал во Франција?“.


Инаку токму за годината за која Шиповиќ ги откри информациите дека градоначалникот Жерновски си шетал на сметка на граѓаните на Центар низ Париз се одржуваше Европското првенство во Франција, каде дел од натпреварите се играа на стадионите во овој град, Сент Дени и Паркот на принцовите, кој е дом на најбогатиот тим во Франција ПСЖ.

Центарци се гневни што градоначалникот на сметка на општината си шета насекаде, додека во Центар има проблеми кои треба да се решаваат, но очигледно како што велат тие градоначалникот си има други приоритети, сопственото задоволстов пред потребите на центарци.

Кај центарци има сомнеж дали и другите спортски авантури на Жерновски ги плаќале токму они. Жерновски минатите четири години можевме да го видиме на трибините на сите важни настани за македонските репрезентации во странство. Последното патување за кое јавноста знае е патувањето на Жерновски во Келн, на фајнл-форот каде што Вардар ја освои титулата во ракометната Лига на шампиони, иако самиот Жерновски претходно со најпогрдни и навредливи зборови зборуваше за Самосенко, сопственикот на клубот кој ја покори Европа.