ШТАМА ВО МВР И ВЛАДАТА: Заев го вработува подземјето на високи функции во владата, со пари на граѓаните!

МВР сеуште молчи за сообраќајката на советникот на Заев за Град Скопје, Филип Андов, човекот ангажиран од Владата е со дебело криминално досие.

Се уште нема никаква реакција од надлежните во МВР во врска со сообраќајната несреќа која се случила на улица „Јордан Мијалков“, во близина на кафеаната „Љуц“ каде што советникот на Зоран Заев за Град Скопје прегазил пешак, по што го напуштил местото на несреќата, пишува Инфомакс.

Освен МВР, сеуште нема никакво соопштение ниту реакција од Владата, која пак го ангажирала Андов, инаку лице за кое од упатени извори во полицијата добивме и информации за неговото криминално досие.

Освен за сообраќајката во која вчера беше прегазен човек, Филип Андов викан Сокол имал и други кривични пријави, за кои Владата на Р.Македонија морала да знае пред да го ангажира на висока функција како што е советник на премиерот за град Скопје.

Оттука се поставуваат неколку прашања до владата. Дали против Филип Андов имало кривични пријави и дали бил регистриран во полицијата како прекршител на законите? За кои дела? Зошто го ангажирале ако знаеле дека за сите овие дела бил гонет од полицијата?

Според информациите кои ги добивме од полициски извор, „кариерата“ ја започнал уште во 1994 година кога прв пат е регистриран во полиција за извршување на дело „Предизвикување на општа опасност“.

Во 2008 е регистриран и за други 4 кривични дела:
– Надриписарство
– Измама – продолжено кривично дело
– Фалсификување на исправа
– Употреба на исправа со невистината содржина

Четири години подоцна во 2012 година е пријавен за две кривични дела:
– учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие

Дека се работи за човек од подземјето, кој Заев го плаќа со народни пари на висока функција во Владата на Р.Македонија, потврда се и честитките кои по повод неговото назнаување за советник на премиерот му ги упати и Харун Хаџибулиќ, инаку лице кое се наоѓа во бегство и се бара со потерница.