МИНИСТЕРСТВО ЗА СМРТ И НАСИЛСТВО: На Заев и Таравари поважна им е власта од претепаниот пациент во болничка соба

Резултатот од катастрофалните политики на антиреформската влада на СДС и неспособниот министер за здравство Таравари веќе јавноста го гледа, изјави на денешната прес-конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Како што известија медиумите пред некој ден во Клиниката за кардиологија се случи невиден скандал, претепан беше пациент, во болничка соба, во болнички кревет. Хаосот во здравството сега го чуствуваат пациентите. Откако го промени директорот на клиниката за кардиологија, реномираниот доктор Сашко Кедев и на негово место го именуваа Беким Поцеста, клиниката за кардиологија од здравствена установа се претвори во дувло за насилстство. Пациентите со право прашуваат дека во здравствените институции сега освен за своето здравје треба да стравуваа и за својот живот и да не станат жртви на насилници, истакна Андоновска.

Таа потенцираше дека Клиниката за Кардиологија, министерството за здравство и Владата на СДС се обидуваат да го заташкаат овој случај и затоа молчат. Ниту има информации, ниту има одговорност од првиот човек на Клиниката, ниту има расчистување на ова срамно дело.

-Според доброинформирани извори Зоран Заев го премолчува ова скандалозно тепање на пациенти само за да не ја изгуби поддршката од партијата од која доаѓа министерот за здравство Таравари. Очигледно поважна им е власта од тоа што бил претепан еден пациент во болничка соба. Во здравството допрва ќе се случуваат скандалите. За жал жртви од тоа ќе бидат пациентите. Неспособноста и политикантството влегоа во здравството. Оставката на министерот за здравство Таравари и директорот на клиниката за кардиологија е најмалку што може сега да направат овие уништувачи на здравствениот систем во државата. Одговорнсота за нивните погрешни политики допрва ќе следи. Граѓаните ќе ги казнат на престојните избори и на тој начин ќе го најават крајот на оваа епидемија во здравстениот систем кој секој ден го разорува здравството и грижата за пациентите,
 заврши Андоновска.