ИРЕНА РИСТИЌ ЖЕСТОКО ПРОТИВ СДСМ: Јас нема да гласам на локалните избори, нека пропаднат, без нас тие се ништо, не постојат, бојкот

Активистот на т.н. Шарена револуција преку социјалната мрежа Фејсбук повика на бојкот на локалните избори незадоволна од Владата на СДСМ, порачувајќи дека нема да гласа на изборите.

Ние, граѓаните, мора, едноставно мора, да си го дозволиме луксузот да го доживееме комплетниот пад и тоталната мизерија… да останеме без ништо!

Во спротивно, ќе ја одлагаме агонијата и на сопствена штета, само ќе ја префрламе топката на двете подеднакво политички, идејно, системски и кадровски импотентни опции, од нетрпение и недоверба неподдржувајќи нови и креативни, чесни кадровски решенија…

Јас, на пример, нема да гласам на локалните!

Нека пропаднат!

Нека пропаднат, како што пропаднавме јас (у неколку наврати) и многу, многу други слични романтици…

Лека ноќ!

Размислете!

Без нас, они се ништо!

Не постојат!

#Бојкот

Освен како како активист на т.н. Шарена револуција, Ристиќ настапуваше и на митинзите на СДСМ, а беше дел и од проектот „Контра вести“.

Ирена Ристиќ е една од многуте активисти на Шарената револуција, членови и поддржувачи на СДСМ кои не се задоволни од работата на Владата и воопшто нивната партија.

Пред неа се одзваа Душко млекарот, кандидатот за пратеник од САД, Зоран Ивановски, Златко Ориѓански, Маријан Даскаловски но и Општинската организација на СДСМ од Гостивар.

Душко млекарот од СДСМ Битола: Цело Скопје и раководство на СДСМ знае како Александар Кирацовски направи хациенда спроти Епинал и како купи кола

И најголемите поддржувачи на СДСМ разочарани од работата на новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев. Поранешни пратеници и едни од лицата кои беа главни во предизборието за СДСМ, сега жестоко тргнаа против раководството на владеачката партија, обвинувајќи дека се заборавени од нив.

Душан Илиевски, познат како Душко млекарот од Битола, жестоко удри по генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. Душко млекарот прашува како Кирацовски со кредит од 30 илјади евра успеал да изгради хациенда и да купи нов автомобил, а пред да стане потпретседател како што пишува Душко на Фејсбук, возел искршен автомобил.

Покрај Душко, по раководството на СДСМ удри и поранешниот канидат за пратеник на сега владеачката партија, Зоран Ивановски, кој ја прозива Шеќеринска и вели дека бил заборавен Душко млекарот и многу ваши кадри. Во фотографијата која Ивановски ја има објавено на Фејсбук, Душко вели дека Шеќеринска во Битола убедувала да се стрпат луѓето до октомври.

Млекарот Илиевски, пред нешто помалку од еден месец, на Фејсбук обвини дека доколку го побараш пратеникот Ковачевски, за некаква помош, тој е презафатен, а кога треба да договори некоја добра зделка си седнува во кафана.

Покрај Ковачевски, Илиевски го повика и Кирацовски да му одговорат на пораките, а не да се кријат од оние со кои беа заедно соборци.

Инаку во кампањите на СДСМ за враќање на власт, Душко млекарот беше еден од главните лица кои сите од раководството на СДСМ го користеа за политички поени, а сега очигледно кога веќе не им е потребен заборавија на него.

Кандидатот за пратеник на СДСМ Зоран Ивановски: Еве како струјата ќе поскапи за 20 до 50 проценти за кратко време со владата на СДСМ

Поранешниот кандидат за пратеник на СДСМ од Битола, како и кандидат за пратеник на СДСМ во САД на изборите во декември минатата година, Зоран Ивановски, на својот ФБ профил пишува дека струјата добила евтина тарифа, ама во наредната година или две ќе поскапела за 50%.

-Струјата доби евтина тарифа ама во наредната година две ќе поскапи за 50%. Нека трепка датумот па тогаш ќе се објаснуваме, пишува кандидатот за пратеник од СДСМ на минатите избори.

Ивановски пишува и дека ЕВН не е подготвена да ја имплементира одлуката на Владата, што значи, вели тој истата е избрзана.

-ЕВН не е спремна да ги имплементира владините одлуки на цела територија на Македонија што значи дека одлуката е избрзана и е политички предизборен маркетинг. Дополнително после имплементацијата ќе се намалат инвестициите и со тоа дополнително ќе се успори економијата, пишува Ивановски.

ОО СДСМ Гостивар: Хаос во базата, членството разочарано, револт кон централата, јавно оградување од кадровската политика на Заев и Кирацовски

Во моментот се случува општ хаос во базата на СДСМ, а резултатот е масовно разочарување на членството на СДСМ.

Последен е примерот со Општинската организација (ОО) СДСМ Гостивар, во која кулминира незадоволството од именувањето на Славе Арсоски за директор на Водостопанство на Република Македонија.

Оваа реакција е само една од многуте реакции на најновите кадровски решенија на централата во Скопје, како и кадровската политика што ја водат премиерот, Зоран Заев и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

-ОО СДСМ Гостивар го известува своето членство дека Славе Арсоски поранешен претседател на ОО СДСМ Гостивар и пратеник од редовите на СДСМ во периодот од 2002-2006 год, од 2006 год. е член на НСДП. Во период од 2006-2008 кога НСДП коалицира со ВМРО-ДПМНЕ истиот е поставен на истата функција како денес односно директор на ЈП Водосттопанство на РМ. ОО СДСМ Гостивар од првиот момент на сознаније дека НСДП го спрема истиот како кадар за погоре наведеното место реагираше кај структурите од НСДП како на локално така и на Централно нив меѓутоа истите не ги послушаа нашите сугестии. Од тие причини ОО СДСМ Гостивар се оградува од назначување на Славе Арсоски за директор на ЈП Водостопанство на РМ, се вели во реакцијата на ОО СДСМ Гостивар.

Ориѓански од СДСМ: Владата на Заев направи хаос!

Златко Ориѓански кој со години во јавноста жестоко ги брани позициите на СДСМ и на лидерот Заев, посочува дека новата Влада направи хаос и безредие.

Тој преку социјалните мрежи искажува огромно незадоволство од работата на Владата предводена од Зоран Заев. Според него, министрите се неспособни, изгубени и не знаат на која работа се нафатиле.

Ориѓански на Заев и на останатите актуелни функционери им порачува дека држава се прави со работа, ред, дисциплона, план, систем и малку сила, а не се безредие и хаос во сите области.

 

Маријан Даскаловски од Струмица си поднел оставка зашто го тргнале од кандидат за градоначалник

Маријан Даскаловски од Струмица си поднел оставка, бидејќи во последен миг отпаднал од комбинација за кандидат за градоначалник.

Даскаловски е претседател на СДСМ струмица и беше пратеник во предходниот состав на Собранието. Тој и сега требаше да биде пратеник во парламентот, но бил изземен со образложение дека тој ќе биде кандидат за градоначалник за Струмица.

Коста Јаневски е избран за кандидат за градоначалник не поради партиското членство, туку како доктор за да може да одговори на кандидатот на ДПМНЕ Бајрактаров кој имал голем углед меѓу струмичани.