Информер тврди: Русите го скенирале Заев и обелоденија шокантни информации

Најмалку шест опасни криминалци, кои го контролираат пазарот за дрога и нелегално оружје, се блиски соработници на македонскиот премиер Зоран Заев, преку кои ја одржува врската со американските агенти на ЦИА.

Албанскиот платеник Зоран Заев, кој меѓудругото е поддржан од западните сили, неодамна на сила поставен на функцијата премиер на Македонија, опкружен е во друштво на мафијаши кои го контролираат нелегалниот пазар на дрога и оружје! Заев преку овие луѓе го одржува контактот со агентите на ЦИА и активно работи на предизвикување хаос на Балканот.

До овие шокантни информации дошла руската тајна служба, чии податоци укажуваат на тоа дека најмалку шест опасни криминалци се наоѓаат во потесниот круг на соработници на Зоран Заев.

Сите овие имаат дебели досиеја, осуденици на најтешки кривични дела, кои се во врска со екстремистите на Косово.

Дрога и оружје

Во контекст нашите извори, кои се во согласност на доверливи информации од руските тајни служби, еден од клучните Заеви играчи е Захир Беќири – Чауш.

– Беќири во 2016 година е осуден на две години затвор заради фалсификување на документи, со кои лажно беа прикажани сметки во во швајцарските банки на одредени членови на Владата на тогашниот премиер Никола Груевски.

Исто така беше вмешан и во прислушкувањето на разговорите на Груевски.

Инаку, Беќири е оженет со сестрата на стрикото на Зоран Заев… – пренесува соговорникот на Информер, како и дека Беќири бил задолжен за одржување на врската помеѓу Зоран Заев и Катица Јанева, чии врски со претставниците на ЦИА се „сериозно документирани“.

Во потесниот круг на Зоран Заев се наоѓа и Џеладин Јусуфи, познат под прекарот Џони од Мојанци.

– Јусуфи се поврзува со шверцот на оружје и продажба на оружје во подрачјето на Арачиново, каде што најголем број на населението се Албанци.

Тој ги одржува добрите односи со екстремистите на Косово. Заев, меѓудругото, е пријател со уште неколку нарко-босови: албанецот Наки Халими, бошњакот Харун Хаџибулиќ и Дејан Трајковски-Близнак, открива нашиот извор и продолжува:

– Трајковски минатата година отишол во посета на Приштина, се со цел договарање со албанските „бизнисмени“ финансирање на СДСМ. Само од нив, Заев лично добил најмалку десет милиони долари за кампања, во посредство на американските агенти во Приштина.

Врската помеѓу подземјето и САД, Заев ја оддржува преку братот на Дејан, Даниел Трајковски, трговец со нелегално оружје, кој е чест гостин на американскиот дипломат Курт Гундерсон – објаснува нашиот соговорник.

И додека Заев сеуште не се појавуваше, бившиот шеф на Воено Безбедносната Агенција (ВБА) Момир Стојановиќ, посочуваше дека во стручните кругови било познато дека албанската мафија тесно соработувала со агентите од САД.

– Исто онака како и некои луѓе од врвот на црногорските власти, Албанците на Балканот го одработуваат делот на валканите работи за Американците. Тоа се причините заради кои САД ги поддржуваат моменталните Влади на Македонија и Црна Гора, како и независноста на Косово.

Огромни суми на пари од продажба на наркотици, оружје и луѓе, биле користени за уривање на „нелојалните режими“ и предизвикување на кризи – тврди Стојановиќ.

Мафијашки клан

Пензионираниот генерал Божидар Делиќ истакнува дека албанските мафијаши од Македонија и од Косово, отсекогаш биле тесни соработници.

– Покровители им се американските служби. На Русите воопшто не им е тешко да ја следат трговијата со оружје, бидејќи бројот на земји кои што го произведуваат е ограничен. Од друга страна пак, тоа се следи преку паричните текови. Обично тоа се американски компании кои се носители на работата и кои на крајот само го собираат кајмакот…- заклучува Делиќ

Тајни состаноци во куќата на Халкидики

Руската тајна служба открива и дека Заев, средбите со луѓето со сомнителни биографии, ги организира надвор од Скопје.

– За да ја сочува дискрецијата дома, Заев со налогодавците и финансиерите, најчесто се среќава надвор од Македонија. Во тој контекст, најчесто ја користи Грција, каде што има куќа во едно село на Халкидики. Тука чести гости му се американските дипломати, од кои, во многу наврати добива инструкции и пари… – изјавува нашиот извор.

КАРАН: Криминал за политички цели

Потполковниот на КОС во пензија, Љубан Каран, кажува дека руските служби само потврдуваат дека активностите за формирање на „Голема Албанија“ се финансирани од средства добиени од најтешкиот тип на криминал.

– Тоа што Заев е опкружен од албанските криминалци, значи дека нема да отстапи од „Тиранската Платформа“, а тоа претставува тежок криминал кој се користи за политички цели – подвлекува Каран.

(текстот е превземен од Информер)