Софија Куновска го стави СДСМ во небрано – Побара спас од гласните оџи

Екс-пратеничката на СДСМ Софија Куновска на еден месец пред локалните избори ја отвори една од најжешките теми во македонските мешани етнички и верски средини, гласното пеење на оџите од исламските верски објекти.

Куновска која што се споменуваше како еден од кандидатите за градочалник на Скопје или на општина Центар само два дена по објавувањето на кандидатутрата на Петре Шилегов за градоначалник на главниот град проговори за гласното пеење на оџите во Скопје кое што го иритира голем дел од населението.

„Има некое човеково право што обезбедува мирен сон од атак од оџи во 5.20 сабајле?“, запраша Куновска преку социјалните мрежи и отвори дебата која што не и оди во прилог на нејзината партија која што со вакви ставови може да загуби голем дел од гласачите муслимани.

Дел од нив веднаш ја нападнаа за јавно посочениот став на актерката иако таа потенцира дека нема ништо против ниту една религија.

„Но тоа треба да остане во сферата на приватното и потребна е малку почит кон секој различен и скромност во практикувањето на било која религиозен ритуал со што нема да бидат вознемирувани останатите. Да потсетам, Македонија е секуларна држава“, пишува Куновска.

„Ти не спиеш од друга мака а оџите ти се криви. Ајде те молам опрај се. Кого сум поддржувал и гласал за пратеник, прашува едем мислимански верник во врска со нејзиниот пост.

Иако голем дел од коментарите од муслиманите се контра нејзиниот став сепак има и такви кои што се согласуваат со нејзиното мислење дека верата е приватна работа и дека пеењето на оџите е пресилно.

Во коментарите на ставот на Куновска свое мислење дава и професорот Љубомир Фрчковски кој препорачува да се прочита песна од Блаже Конески кој цитира дел од стиховите „кога ќе го чуе гласот на муезинот во мугра кога се друго спие….“.

Според Фрчковски  човек само треба да се премести од друг агол и се станува поинаку на што Куновска одговара дека во таков случај „ќе треба да се одлучиме дали ќе се почитува закон за јавен ред или да направиме иницијатива за собирање пари за посилно озвучување“.

Прашањето за гласното пеење од џамиите кои што имаат силен разглас кој се слуша на километарска далечина досега го избегнуваа сите влади и градски татковци на Скопје и градоначалниците на општините. Дел поради обидот да не се отвораат конфликти на меѓуверски план, дел поради мирот во коалициите меѓу различните политички партии со различна верска пропадност досега ова прашање беше туркано под тепих.

Реакцијата на Куновска како граѓанин на Скопје каде што овој проблем е најмногу изразен, е сосема логичен но од аспект на политичките интереси е нелогичен особено поради тајмингот на објавувањето.

Нејзината партија СДСМ на престојните избори планира да дојде до градоначалничкото место во Скопје токму со гласовите на Албанците кои што во најголем дел го бранат правото да нема никаков лимит за пеењето на оџите за време на молитвите.