СДСМ ПОВТОРНО СОЗДАВА ПОЛИЦИСКА ДРЖАВА: Со удбашки притисоци, заплашување и кривични сака да го спречи гласот на граѓаните

СДСМ му поднесе кривична пријава на Видан Лазаревски, иницијаторот за рефендумот против мигранти, јавува штипската локална телевизија Стар. Лазаревски во текот на минатиот месец ја водеше кампањата „Будење за Штип“ преку која собираше потписи од граѓани за иницирање на референдумот, но притоа според социјадемократите извршил повеќе кривични дела.

-Злоупотреба на лични податоци, измама, повреда на избирачко право, предизвикување на национална, расна и верска омраза, истакна Јане Миланов од СДСМ Штип. Ова според СДСМ е резултатот од активностите што се спроведуваа во организација на Лазаревски и кампањата „Будење во Штип“

На овој начин СДСМ повторно покажува како владее сакајќи да создаде полициска држава. Со ваквите притисоци, партијата се обидува да ја угуши демократијата и да им го скрати правото на граѓаните слободно да го изразат своето мислење и да одлучат сами за својата иднина.