СДСМ УПОРНО ПРОТИВ НАРОДОТ: Не дозволи граѓаните да си ги приватизираат градежните земјишта

Пратениците од СДСМ заедно со останатите пратеници од парламентарното мнозинство денес го одбија Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека неможат да разберат како може закони кои што единствено се во интерес на граѓаните и се надпартиски не добиваат поддршка од СДСМ.

За Илија Димовски најчудно е што пратениците од ДУИ додека биле во парламентарно мнозинство со ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати го гласале овој закон, но денес поради тоа што се во коалиција со СДСМ гласаат против законот. Димовски понуди дури и да се повлече законот кој што е потпишан од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со што наново би го поднеле овој пат потпишан од пратеници на парламентарното мнозинство, се со цел овој закон да биде досенесен.

Имено, со Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост требаше да се овозможи граѓаните кои што досега не успеали да си ги приватизираат своите градежни земјишта кои со генерации ги поседуваат, тоа сега да го направат.